Љубовта нема граници: Градоначалник во изолација од тераса венча заљубен пар

Пандемијата на коронавирусот несомнено ги промени животите на секој од нас, па така влијаеше и на оние најрадосните моменти во нашите животи.

Тоа го потврдува и случајот од западниот турски град Едрене, каде што се одржа една сосема необична венчавка, јавува Агенција Анадолија (АА).

Младиот пар Еругрул Кати и Кадер Чакир од Кешан, во областа Едрене, закажаа термин за венчавка во општината и изразија желба да ги венча исклучиво градоначалникот на таа о копштина, Мустафа Хелваџиоглу.

Повеќе на ММС

ВНИМАВАЈТЕ, ПОРТОКАЛОВО НИВО: УХМР со временска прогноза до среда

Продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината.



Максималните температурни вредности вдолж Повардарието за 2 до 3 степени ќе го надминуваат 40-иот степен.


И во наредните денови насекаде ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.

Спортски херој: Малиот Марко Пејчиновски доплива до Свети Наум



Младиот спортски херој Марко пејчиновски, исполни уште еден предизвик и предмалку успеа да доплива до брегот на Охридското Езеро кај Свети Наум.






Марко пред три лета на само 12 години направи огромен подвиг кога успеа да го преплива Охридското Езеро.

И покрај тоа што има некроза на коска на долните екстремитети, младиот Марко успева во своите подвизи и го следи својот сон.

Видеото погледнете го ОВДЕ.

Македонија со прекрасни резултати во Токио: 15 годишната Миа Блажевска оствари најдобар резултат

По сензацијата на Дејан Георгиевски во теквондо, настапите на македонските претставници на Летните Олимписки игри продолжуваат со пливање. На сцена стапи најмладата олимпијка во историјата на Македонија.

Миа Блажевска Еминова оствари најдобар резултат во својата квалификациска група во конкуренцина на осум пливачки.

Во дисциплината 100 метри слободно таа заврши прва со време од 57:19 и не успеа да го сруши македонскиот олимписки рекорд од 57:13, со кој оствари Б норма пред нешто повеќе од месец дена.

Овој нејзин резултат не е доволен да се најде меѓу 16-те најдобри кои обезбедија пласман во полуфиналето.

15 годишната македонска претставничка заврши на 40. место од вкупно 52 пријавени пливачки на 100 метри слободно.

Инаку државниот рекорд го држи Анастасија Богдановски, а тој изнесува 56:50.

ШПИЦОТ НА СЕЗОНАТА НАПРАВИ ВИСТИНСКИ ХАОС – во Охрид врие од туристи, домаќините не можат да постигнат

Продолжениот празничен викенд на Охридското крајбрежје го означува шпицот на летната туристичка сезона. За деновите околу Илинденските празници Охрид традиционално е преполн со гости и туристи. Солидната посетеноста на градот и крајбрежјето за Илинден не ја отсликува ситуацијата за летната сезона генерално, оттаму што до само пред две седмици во градот гости имаше само за викендите.

Приватните сместувачки капацитети за овој период околу празниците се редовно максимално искористени, се бара легло повеќе што тешко се наоѓа и тоа претежно во периферните делови од градот додека во оние капацитети во централното градско подрачје или на атрактивните локации долж крајбрежјето место нема.

Иако годинава споредбено со лани има одреден број странски туристи, сепак тоа е многу помалку од времето пред коронаепидемијата. Илустративно, ситуацијата сега не може ниту да се споредува со рекордната 2019 година кога на Охридското крајбрежје беа остварени околу 1,5 милиони ноќевања.

Најбројни и ова лето како минатата година се домашните гости, поголемиот дел сместени во сопствени станови или викендички, а останатите најчесто се решаваат за сместување со закуп на помали апартмани или соби. Скромниот буџет значи да се одбере поскромната варијанта за летување со готвење дома, а кога се купува тоа претежно е брза храна, нешто што се јаде „од нога“ или на некоја од клупите на Кејот на езерото, во парковите, по плажите. Сето тоа значи дека отсуствува позначаен промет за охридските угостители.

За разлика од економските и здравствените, временските прилики поволни и соодветствуваат за овој период, со високи температури карактеристични и очекувани за средината на летото. Покрај проверената чистота од прва категорија, водата во езерото со температура неколку степени над просечната за овој период што ја прави идеална за капење и рекреација.

Карактеристично за оваа сезона е што голем дел од крајбрежјето е „исчистен“ од лежалки и друга урбана опрема, како и неконтролирана наплата за паркирање возила. Јавните плажи се повторно отворени и слободни за туристите, што пак од друга страна ја усложнува состојбата со хигиената, затоа што јавното комунално претпријатие не секогаш успева да го собере отпадот што неконтролирано и неодговорно се одлага на несоодветни места.

Оваа година и културно-забавната понуда за гостите е нешто побогата споредбено со лани, до 20 август секоја вечер има понуда на програмата на Фестивалот „Охридско лето“, а најавени се и гостувања и концерти на познати естрадни имиња од земјата и регионот, за сите вкусови и генерации. 

Сите полицајци на тестирање – ќе докажуват дека не примаат мито!

На сите што ќе сакаат да се вработат во Министерството за внатрешни работи, ќе им се прави тест за интегритет, и тоа нема да биде еднаш засекогаш дадена потврда, туку интегритетот постојано ќе се проверува. За полициските службеници ќе се воведе и обврска за пријавување на нивниот имот и интереси, а тие нема да смеат ниту да членуваат во политички партии.

Согласно препораките од меѓународните институции, Владата носи измени на Законот за внатрешни работи. Се базираат на извештајот на ГРЕКО за спречување на корупцијата, но и на Акциониот план по Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, за периодот од 2021 до 2025 година, на Државната антикорупциска комисија. Владата е предлагач на законот, а ќе го брани министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

„Заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на работниците во Министерството и превентивно дејствување, организациската единица ќе врши проверка на интегритет преку спроведување тест за професионален интегритет на работниците во Министерството“, е една од новите одредби што се додава во Законот за внатрешни работи.

Натаму, се наведува дека проверка на професионалниот интегритет на работниците во МВР се врши континуирано за времетраењето на работниот однос, преку спроведување тест за професионален интегритет.

„Тестот за професионален интегритет е контрола на постапувањето на работникот во Министерството во симулирана ситуација, која е идентична на неговите работни задачи и активности, без обврска за претходно известување на организациската единица во која е распореден и работи работникот“, стои во законските измени.

Резултатите што ќе се добијат од тестот можат да бидат индикатор за поведување на предистражна постапка, проценка и анализа на ризикот од корупција, промена на методологијата и процедурите за работа и утврдување на видот и потребата за обука на работниците.

Тестот ќе се спроведува врз основа на План кој го донесува раководителот на организациската единица надлежна за внатрешна контрола во МВР, а врз основа или на образложена иницијатива од министерот или од директорот на БЈБ. Планот може да се донесе и во случај кога самата организациска единица за внатрешна контрола ќе дојде до сознанија дека таков тест за работникот треба да се направи.

Во текот на спроведување на тестот за професионален интегритет се почитува начелото на законитост, основните човекови слободи и права и достоинството на работникот кој се тестира. Работникот кој се тестира не смее да се поттикнува на извршување кривично дело или повреда на службената должност и овластувања.

Активностите преземени за време на тестот за професионален интегритет не се дел од посебните истражни мерки пропишани со Законот за кривичната постапка. Постапката за спроведување на тестот може да се документира на видео или аудио запис и во текот на нејзиното спроведување може да се користат легендирани средства и документи.

Натаму, како што предвидува владата со овие законски измени, резултатот од тестот за професионален интегритет може да биде позитивен или негативен. За негативен ќе се смета доколку за тестираниот рботник се утврди дека при извршувањето на задачите од неговиот делокруг не постапувал согласно закон или покажал склоност кон корупција.

Исто така, во законските измени стои дека вработениот во МВР треба „да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија“, за што мора да поднесе и изјава. Практично, се предвидува забрана за вработените за членување во политичка партија, покрај другите утврдени забрани за основање, раководење, застапување и претставување политичка партија или членување во органи и тела, и чие непочитување ќе биде еден од потешките случаи на кршење на работниот ред и дисциплина.

А, оној што ќе сака да работи во МВР, „на увид“ ќе треба да го стави и својот имот.

Односно, при засновање на работен однос во Министерството, а најдоцна во рок од 30 дена од денот на склучување на договорот за вработување, работниците во Министерството поднесуваат изјава за имотна состојба и интереси, во постапка и под услови утврдени со закон.

Исто така, вработените во Министерството се должни во рок од 30 дена да го пријават секое зголемување на нивниот имот, односно на имотот на член на нивното семејство, во вредност што надминува износ од дваесет просечни нето плати во претходниот тримесечен период, како и промена на нивните интереси.

Меѓу другото, со предложените измени на Законот за внатрешни работи, се утврдува дека наредби од областа на оперативното работење издава директорот на Бирото за јавна безбедност. Се дефинираат и законски гаранции за оперативна независност на полицијата, во смисла дека само директорот на Бирото може да дава наредби кои се однесуваат на оперативното работење на полицијата.

Со законските измени се предвидува и дека работен однос без јавен оглас во Министерството се заснова само за работни места за кои во актот за систематизација на работните места, поради видот и природата на работните задачи, како и посебните услови под кои тие се извршуваат, е утврдено дека може да се спроведе постапка за вработување и без јавен оглас.

Филипче: Можни се мерки за влез во затворени простории

Нема голем број пациенти во амбулантите. Нема простор за паника и засега нема да се воведат рестриктивни мерки, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, зборувајќи за порастот на бројките на заразени со Ковид-19.

Тој потенцираше дека бурно ја следат ситуацијата и ќе видат дали денешните бројки од 74 новозаразени ќе продолжи и понатаму.

„Ситуацијата е стабилна. Можни се мерки понатаму во делот на влез во затворени простории, односно да се бара потврда за вакцинација. Тоа би биле мерки за невакцинираните. Зошто да ги ставаме сите во ризик? Вирусот и понатаму ќе биде присутен и многу е веројатно дека ќе дојде и следна мутација“, рече Филипче за вестите на Канал 5.

Строг карантин во Сиднеј со војска на улиците, ќе дојдат ли кај нас истите рестрикции?

Жителите на Сиднеј и неговата околина од минатата недела се под строги мерки за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирус, што ќе трае барем до крајот на август.


Влошувањето на ситуацијата со пандемијата се случило поради ширењето на многу заразниот делта сој.

Околу илјада полицајци се распоредени околу Сиднеј за да ги спречат неовластените протести против мерките за борба против пандемијата на коронавирус, а издадени се и известувања за забрана на такси услугите да превезуваат патници на демонстрациите, соопшти полицијата на Нов Јужен Велс.

Протестите минатиот викенд резултираа со серија апсења и судири со полицијата.

И покрај борбата со наглиот пораст на бројот на заразени, кои се претежно соеви делта, Австралија досега успеа да ја држи под контрола пандемијата со вкупно нешто повеќе од 34,000 случаи на инфекција и 924 смртни случаи.

И покрај петнеделното заклучување, заразата продолжува да се шири во Сиднеј. Вчера биле пријавени 170 нови случаи.

Војниците ќе и се придружат на полицијата на жариштата на вирусот за да се осигураат дека луѓето ги почитуваат правилата, кои вклучуваат ограничување на патувањата во радиус од 10 километри.

Шефот на полицијата во Нов Јужен Велс, Дејвид Елиот, рече дека војската ќе помогне затоа што некои граѓани на Сиднеј мислат дека правилата не важат за нив.



Податоците од здравствените услуги покажуваат дека вирусот најчесто се пренесува преку недозволено движење. Австралиските правници сметаат дека употребата на армијата во либералната демократија е загрижувачка.

Епидемијата тешко ги погоди работниците и сиромашните предградија. Критичарите велат дека тие области веќе се соочиле со полициски мерки и посочуваат дека таму ограничувањата се построги отколку во остатокот од Сиднеј.



„Нашите луѓе се една од најсиромашните демографски категории и во секој случај се чувствуваат маргинализирани“, рече Стив Христу, еден од локалните водачи.

Стапките на вакцинација во Австралија – 17% од возрасната популација – остануваат една од најниските меѓу земјите на ОЕЦД

Ова е Македонецот херој од Австралија кој донираше 28.000 долари за малиот Јаков

Малиот Јаков од Кочани наместо да се радува како секое мало детенце имаше тежок почеток во животот. Откако поминал две операции потребно е лекување во Истамбул, Турција кое родителите не можат да си го дозволат. Беа покренати повеќе акции по социјалните мрежи за малиот Јаков, но еден човек се издвои по својата великодушност.

Овој човек е Џим Ристевски, австралијанец со македонски корени, кој за неполни два дена успеал да собере преку неговата мрежа на деловни партнери и пријатели приближно 28.000 австралиски долари, за хемотерапија и лечење на двегодишниот Јаков.Ова не му е прв пат на Ристевски кој е голем филантроп и веќе по трет пат ѝ помага на земјата од каде што потекнуваат неговите корени. Во 2016 година тој собрал 10.000 долари за малиот Ведран Велиновски од Крива Паланка кој го изгуби семејството во поплавата на обиколницата во Скопје. Исто така и минатата година заедно со неговата ќерка организирале собирање на донации.

Пожари беснеат во Ксамил- во моментов летуваат и голем број туристи од Македонија

Пожар попладенето избувна во близина на албанското летувалиште Ксамил. Зафатени се трева и нискостеблеста шума на тешко пристапно подрачје.

На терен се пожаникари кои заедно со локалното население го локализираат пожарот. Засега нема опасност пожарот да ги зафати станбените објекти во крајбрежјето на Ксамил, каде што во моментов летуваат и голем број туристи од Македонија.


Освен мирис на чад и забележлива раздвиженост на пожарникарски возила, нема издадено предупредување од албанските власти за евентуална опасност од пожарот, велат за МИА македонски граѓани кои летуваат во Ксамил.