Фотографија на денот: И на хероите им треба одмор

Македонските пожарникари деновиве се на првата линија на фронтот во исцрпувачката борба со пожарите кои беснеат ширум земјата.
На оваа #ФотографијаНаДенот, тројца струмички пожарникари по 14 часа надчовечки напори во гаснењето на пожарот во близина на Делчево, целосно исцрпени земаат оддишка пред новите битки со огнената стихија.



Пожарите во земјата инаку не стивнуваат, активни се десетина пожари а најсериозна е состојбата токму во регионот на Делчево, но и на Пехчево и во општина Македонски Брод.

Покрај пожарникарите во нивното локализирање и гасење се ангажирани сите преостанати расположливи капацитети – на локалните самоуправи, Центарот за управување со кризи (ЦУК), војската, полицијата и граѓаните.