Кај село Мачево е особено критично: Доброволци водат битка со пламенот

Најсериозна е ситуацијата над селата Робово и Мачево во Берово- Пехчевскиот регион бидејќи силен ветер одново го распали пожарот и го носи кон атарите на двете села.

Градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски за Телма информира дека во овие мигови се уште не побарал евакуцијата на населението но можно е и таква акција ако во наредните мигови не стивне ветерот.



„Сите расположиви луѓе и помоштта која пристигна од Словенија, Австрија и Бугарија ги пренасочивме кон селото Робово. Хеликоптерите постојано истураат вода, но наближува ноќтта, а тие ни се единствениот спас во овие моменти за да спречиме навлегување на огнот во селата“, вели Звонко Пекевски градоначалник на општина Берово.