Пациентка на возраст од 31 година починала изминато деноноќие по неколку дневна хоспитализација во ковид – центарот во Тетово поради утврдено присуство на коронавирус. Таа имала и хронична болест, а развила и инфекција на белите дробови, информираше денеска координаторот во Ковид – центарот д-р Гзим Нуредини.
– Триесет и едногодишната жена имала претходно тешка анемија, а поради коронавирусот имаше развиено и тешка пневмонија. Секој ден има нови приеми на болни, вчера имаше 47 хоспитализирани пациенти. Од нив 40 се на кислородна поддршка, информираше Нуредини.
И понатаму останува висок бројот на луѓе кои имаат потреба од прегледи поради симптоми на Ковид-19.
– Преполно е Тетово не знаеме што ќе биде понатаму. Амбулантски прегледи укажуваат дека секој ден се влошува здравствената состојба и дека се потенцијални пациенти кои ќе бидат примени. Вчера сме имале 67 пациенти, тоа го кажувам често, бидејќи е знак како ќе се одвиаат работите во идните денови. Сите да се вакцинираат, може ќе ни заврши по две недели, но не знаеме на есен како ќе биде, рече докторот.
Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 3.101 тестирање, а регистрирани се 143 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 79, Гостивар – 16, Кичево – 12, Дебар – 8, Куманово – 7, Тетово и Струга – по 6, Радовиш – 3, Струмица – 2, Кавадарци, Крива Паланка, Берово и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани сe 32 оздравени пациенти од: Дебар – 9, Скопје – 8, Тетово – 5, Гостивар – 3, Свети Николе и Пехчево – по 2, Кавадарци, Битола и Гевгелија – по 1.
Пријавени се 2 починати лица од Тетово (31г и 70г) во болнички услови.
Направени се 3.101 тестови преку: ИЈЗ-23, ЦЈЗ Скопје-23, ЦЈЗ Битола-0, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–8, ЦЈЗ Куманово–8, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија – 0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–0, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-78, Биотек-90, Систина-80, лабораторија Лаор-0, Синлаб-0, Ремедика-0, Плодност–0, Генеа–0, Никоб лаб-603, ВФВ Медикал-23, Ели Медика-21, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.989.
Досега во земјата се направени вкупно 1.022.293 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 158.164 бројката на оздравени пациенти е 150.556, на починати е 5.509, а бројот на активни случаи изнесува 2.099.