Connect with us

Инфо +

Не се знае ништо: Кои ќе бидат редарите кои ќе бараат сертификати во рестораните, угостителите гневни, инспекторите збунети

Published

on

Збунети и затечени, угостителите но и инспекторите не знаат на кој начин ќе ги контролираат луѓето кога во рестораните и кафулињата ќе се затечат 30 присутни лица: една од најновите рестриктивни мерки на Владата донесени вчера. Она што се знае е дека во моментот, оној кој нема да да приложи сертификат, ќе треба го напушти ресторанот.

-Се воведува задолжителна потврда за извршена им*низација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за им*низација во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан, се вели во одлуката на Владата

Угостителите се револтирани оти со ваквиот чекор повторно се удира по нив и нивниот единствен извор на егзистенција. Но, истовремено е нејасно и од каде бројката 30 присутни лица во угостителскиот објект е клучната бројка? Дали Владата има направено некаква анализа за да дојде точно до овој број како услов каде би требало да упаднат инспекторите за да бараат сертификати и да прават контроли?

Ова се само дел од дилемите на угостителите, но и од пазарниот инспекторат не знаат како, со толку малку инспектори, ќе излегуваат на терен по угостителските објекти. Директорката на Државниот пазарен инспекторат, за дел од медиумите изјавила дека оваа институција располага само со 180 инспектори, а „се чекаат инструкции за тоа како ќе ги контролираат редарите“. И на крајот, всушност никој не знае дали т.н. редари за кои зборува Владата треба да ги платат и обезбедат угостителските објекти или Државниот пазарен инспекторат?

И оваа мерка како и неколку претходни не наидоа на широка поддршка во јавноста. Дотолку повеќе што според реакциите на социјалните мрежи, кај луѓето дополнително ќе се создаде одбивност кон им*низацијата за што и онака не постои висок интерес во Македонија.

Извор: Скопско ехо

Свет

СЕ ВЕЖБАЛА РУТА ЗА ЕВЕНТУАЛЕН НАПАД НА САД Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил за безбедно евакуирање највисоки функционери

Published

on

Хеликоптерот Блек Хок, кој во средата се судри со патнички авион над Вашингтон, бил на вежба на главна рута планирана за евакуација на високи функционери во случај на напад врз САД, соопштија официјални лица.

Воената мисија, наречена „континуитет на владата“ има за цел да ја зачува способноста на американската влада да функционира во такви околности. Поголемиот дел од времето, екипажите како оној што загина во средата превезуваат високи функционери низ Вашингтон, каде што летаат многу хеликоптери.

Но, американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ја откри поврзаноста на соборениот хеликоптер Блек Хок со мисијата на прес-конференција во Белата куќа во четвртокот, нагласувајќи дека тие биле „на рутинска, годишна вежба ноќен лет над стандарден коридор за континуитет на владината мисија“.

За такви мисии ретко се зборува во јавноста, јавија американските медиуми. Тројцата војници кои загинаа беа дел од 12-от авијациски баталјон од Форт Белвоар, Вирџинија, чии должности во националната криза вклучуваа евакуација на претставници на Пентагон.

Во патничкиот авион загинаа 64 лица.

Continue Reading

Македонија

Николоски: И во иднина ќе продолжиме со поддршката за ранливите категории на граѓани, во моментот се гради во три општини

Published

on

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска при доделувањето на социјални станови во општина Кочани истакна дека и во иднина ќе продолжи ваквата поддршка и дека во моментов се гради или се довршуваат ваков тип на градби кои ќе бидат наменети за социјално ранливи категории на граѓани.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска при доделувањето на социјални станови во општина Кочани истакна дека и во иднина ќе продолжи ваквата поддршка и дека во моментов се гради или се довршуваат ваков тип на градби кои ќе бидат наменети за социјално ранливи категории на граѓани.

-После неколку месечна успешна работа на новиот директор на ЈП како и на неговиот тим веќе ги гледаме првите резултати. Завршена е процедурата во соработка со министерството за транспорт за распределба на социјални станови за ранливи категории на граѓани и во Кочани и во Велес, изјави вицепремиерот Николоски.

-Се работи за категории на граѓани кои што навистина имаат потреба и се надевам дека ќе си најдат среќа и топол дом во истите, рече Николоски. 

Николоски на новите корисници на становите им посака среќа и убави моменти во новите домови.

-Би сакал на сите кои денеска ги добиваат да им посакам убави моменти во годините кои што се пред нив, секако дека ќе продолжиме да даваме ваква поддршка. Инвестицијата тука не е мала, се работи за инвестиција од 72 милиони денари, инвестиција која што оди дирекно од буџетот, а во моментот работиме уште во неколку општини на довршување или на исградба на социјални станови, тоа се општините Прилеп, општината Каменица, општина Бутел во Скопје, истакна вицепремиерот Николоски.

Continue Reading

Македонија

Повисоки казни во сообраќајот- најважно е да се промени јавната свест

Published

on

Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во изјава за медиумите рече дека сериозно се размислува за законски измени во делот на казните за направени прекршоци во сообраќајот, но според него, важно е да се подигне и јавната свест.

– Се работи и во делот на законските измени каде сериозно се разгледува можноста за порестриктивни, повисоки казни, меѓутоа најважно е да ја промениме свеста. Не може ако знакот е 60, некој да вози 100, ако е знакот 100, некој да вози 200. Да ја подигнеме јавната свест и како родители не треба да им се овозможиме на децата кои се малолетни да имаат средство со кое ќе бидат учесници во сообраќајот. Пред се тука мислам на моторчиња или свесно да возат возила без возачка дозвола, рече Јанев.

Бирото за јавна безбедност во соработка со Министерството за внатрешни работи веќе ги детектирале и црните точки на сообраќајот низ целата држава и најавуваат акции за подобрување на сообраќајната култура.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во фејсбук статус објавен по сообраќајната несреќа на булеварот „Партизанска“ каде загина 22-годишната Фросина Кулакова, го отвори прашањето за законски измени и најави дека наскоро ќе биде ставен во функција системот „Безбеден град“.

– МВР во овој случај максимално брзо и ефикасно го процесираше сторителот, тој е приведен, направени се анализи на крв и урина, обезбедени се сите релевантни докази. Но тоа не ја враќа Фросина и не го менува фактот дека системот дозволил ваков рецидивизам.Ова е точката каде што мора да се преиспита дали постојните законски решенија се доволни? Дали воспитните мерки за сторители на сериозни дела носат резултати или само создаваат нови жртви? Дали висината на кривичните санкции за најтешките кривични дела во областа на сообраќајот е соодветна или е премногу блага за да има реален превентивен ефект?, напиша Тошковски.

Дваесет и двегодишната девојка пред три дена беше прегазена од дваесетгодишниот Васил Јованов од Скопје, кој возел пијан, без возачка дозвола и минал на црвено светло, додека таа минувала на пешачки премин.

На 20-годишниот скопјанец му беше определена мерка притвор од 30 дена, а за него и претходно имало кривични пријави за друга сообраќајна незгода и за недозволена употреба на дрога.

Вчера, граѓани организирани преку социјалните мрежи одржаа мирен протест на местото каде загина Фросина барајќи одговорност од институциите за Фросина и за сите жртви во сообраќајни незгоди, а денеска на местото каде загина Фросина се уште има граѓани кои и оддават почит.

За утре во 17 часот повторно е закажан протестен марш под мотото „Кој е следен“. Целта на протестот, како што наведуваат организаторите, е да се адресираат трите главни проблеми и тоа нефункционалност на системот за заштита на децата и младите кои се во судир со законот, недоволната безбедност во градовите и глорификација на девијантното однесување.

Освен Фросина, на истиот пешачки премин во слична сообраќајна несреќа на 3 април 2015 година почина студентската Фросина Цековска, а на 20 јануари 2022 година на пешачки премин кај крстосницата кај трговскиот центар „Скопје Сити Мол“ беше прегазена студентката Викторија Николова.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк