Тетовци направиле тестови, позитивни цела фамилија си направиле свадба, зетот завршил на инфективно

Младоженци од Тетово направиле свадба иако обајцата сосе целото смејство биле позитивни на брзите ковид тесови, вели тетовскиот доктор Илчо Ефкоски.

„Зетот и невестата дошле да примат инфузии за да се освежат пред свадба. Од дома се напиле парацетамол и не му пријавиле на докторот дека имаат температура. Целата свадба си ја истерале со сите салтанати. Дома направиле брзи ковид тестови, кои покажале дека сите во семејството се позитивни, ама не им поверувале на тестовите дека се точни, бидејќи самите си ги купиле во аптека. ПЦР тест не направиле. И сето ова како да не било доволно, па братот на младоженецот со семејството, каде дел биле позитивни, после свадба веднаш заминале на одмор во хотел во Албанија. За ова немаше да се дознае ако зетот да не заврши на Инфективното одделение со пневмонија. Сега следните од семејството се чекаат за хоспитализација“, потврди д-р Ефкоски.

Линк од целосната објава: