Пожар во скопското село Побожје, запалени три куќи – пожарникарите на терен

Од Центарот за управување со кризи денеска на прес конференција потврдија дека активен пожар има и во скопското село Побожје, општина Чучер Сандево.

Запалени биле три куќи, а на терен е противпожарната бригада на Град Скопје.Пожарот е ставен под конрола, а според еден од сопствениците, можно е дека бил подметнат или предизвикан од електричен спој.