Connect with us

Инфо +

Претставник сум на оние “без лице”, во крв, мочки и го*на заглавени – А можев и да си глумам голема професорка

“Подобро болни но слободни” напишала во еден коментар универзитетска професорка која предава на Фи-фи (тоа се оние филозофија, филологија факултети).

Драга универзитетска професорке, да ви каже нешто друга универзитетска професорка која во април 2020 согласно тогашните препораки го загреваше серумот (дел од крвта) на +56 степени за да го деактивира вирусот за да може да работи. И кога ќе ми се лизнеше епруветата, се потев под скафандерот и визирот до гаќи дали ќе се скрши истата и дали дома ќе си го заразам семејството.

Зашто некогаш кога ќе ми влезеше пот во очите а немав слободна рака да се избришам ми се плачеше додека надвор во име на слободата си го сркаа кафето. А баш не морав ни јас да работам. Јас сум претставник на оние “без лице”, во крв, мочки и го*на заглавени. А можев и да си глумам голема професорка. Со пенкалото и глувчето. Ќе се одморев поштено цела година.

Сега ми е смешно, ама тогаш не.

“Подобро болни а слободни” кажете му на секој стоматолог, анестезиолог, ОРЛ-ог, сите доктори од ИМП, инфектолог, офталмолог и уште некоја експонирана специјалност.

Сите тие, и ние помалку експонираните, сакаме да сме слободни а здрави за да ја работиме работата за која сме се едуцирале. А не во време на пандемија да полемизираме чии човекови права се нарушени.

Тоа може на козметичарката и фризерката да и го кажете. И на студентите, да пофилозофирате малку.

Запрепастувачки е ставот “за тоа сте учеле”.

Па не (сме) учеле за да умираат од некои кои си го тераат ќефот во име на слободата.

Зошто животот на еден здравствен работник е помалку вреден од слободата на некој кој во животот само филозофира?

Каква порака праќате на сите оние кои кога ќе ги зачеша нешто во било кое време од денот и ноќта вртат на viber и messenger на сите можни доктори, а сега се демонстрира максимално непочитување на советите, апелите и прогнозите на здравствените работници?

За нарушено ментално здравје има соодветни специјалности и институции.

Убаво е со книгата во рака и лаптопот на колена да филозофираш.

Одете во ординацијата на било кој стоматолог да подишите малку под скафандерот и визирот. Баш сега, на +40.

Па ќе дискутираме тогаш за слободата. За живот.

Фејсбук статус на Katerina Tosheska.

Балкан

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски 

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин,  господин Стефан и до сите Македонци каде и да се.

Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот и просветителот кој е доказ дека љубовта се мери според жртвата. Честитајќи им го празникот на г.г. Стефан, на членовите на Светиот архијерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, и на сите верници посакуваме денот посветен на патронот на МПЦ-ОА да го поминат во добро здравје, стои меѓу другото во честитката, потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.

Се додава дека огромна е почитта кон Свети Климент Охридски, кој остави не само големо духовно и просветителско наследство, туку и со личен пример на дело покажа што значи милост, трудољубивост, трпение и солидарност.

Continue Reading

Балкан

Проектот FishNoWaste: Рибарите во Јадранот ќе собираат и рециклираат пластичен отпад

Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат големи количини пластичен отпад, но проблемот со морската пластика останува нерешен поради недоволна инфраструктура за собирање и предавање. Истражувањата покажуваат дека Јадранот има повеќе плутачки отпад од остатокот на Медитеранот, при што над 80% од него е пластика.

За справување со оваа криза, здружението Sunce, во соработка со организации од Хрватска и Италија, го спроведува проектот FishNoWaste. Проектот има за цел да собере податоци за видот и количините на отпадот што се појавува при риболов и да развие модел за заедничко управување со отпадот, со можност за повторна употреба и рециклирање.

„Законот ги обврзува рибарите да го предадат отпадот што пасивно го уловиле, но често нема каде да го остават“, истакнува Дора Чакушиќ, асистентка во Одделот за комуникации и застапување. Таа додава дека постојните системи за прием на отпад на копно се неефикасни и недоволно развиени, па трудот на рибарите често останува без посакуван резултат.

При влечење на мрежите, рибарите извлекуваат отпад од морското дно, а дополнителен отпад се создава и за време на риболовните активности, како кинење на мрежи, губење конопи, бови и други пластични елементи. Особено проблематични се „ghost nets“ – изгубени мрежи кои продолжуваат да фаќаат морски живот.

Проектот FishNoWaste вклучува научен мониторинг на отпадот и пилот-имплементација на модел за заедничко управување во избрани пристаништа, со активно вклучување на рибарите при собирање, сортирање и предавање отпад. Sunce спроведува и едукативни програми за рибарите, училиштата и локалните заедници, промовирајќи принципи на кружна економија и свест за влијанието на морскиот отпад врз екосистемот, здравјето и економијата.

Очекувањата се дека проектот ќе доведе до значително подобрување на системот за управување со риболовен отпад, развој на заеднички стратегии и зголемување на количествата отпад што се собира, сортира и рециклира, со долгорочен ефект врз зачувувањето на Јадранското Море.

Continue Reading

Балкан

Патување кон Грција: Дојран единствениот сигурен премин

Многумина го користат продолжениот викенд за патување во Грција, но се соочуваат со проблеми на граничните премини. Најголемиот премин кај Гевгелија е затворен поради штрајк на грчките земјоделци и неговото отворање е непредвидливо – понекогаш отворен кога патниците тргнуваат, а затворен кога стигнат.

Засега, единствениот премин кон Грција кој постојано е отворен е Дојран. Преминот Меџитлија е затворен за товарни возила и автобуси од 12:00 часот, а преминот Богородица е во прекин од 11:00 часот.

Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека на преминот Табановце кон Србија времето на чекање е околу 40 минути. Возачите се советуваат да ги следат најновите информации и да го планираат патувањето однапред за да избегнат непотребни застои.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг