Светот во ПАНИКА: Прв случај на СМРТОНОСНИОТ вирус МАРБУРГ, СЗО реагира

Светската здравствена организација објави дека здравствените власти во Гвинеја го потврдиле првиот случај на исклучително смртоносен вирус Марбург, што е сличен на ебола.

Според СЗО, тоа е прв случај на Марбуршка вирусна хеморагична треска во Западна Африка. Пациентот бил лекуван во локалната болница кога неговата состојба одеднаш се влошила, по што тој починал.

Во моментов се работи на пронаоѓање на неговите контакти во делот на земјата кон границата со Либерија и Брегот на Слоновата Коска со цел да се запре ширењето на вирусот.

– Вирусот Марбург има голем потенцијал за ширење, што значи дека мора да го запреме што е можно поскоро, изјави регионалниот директор на СЗО за Африка, Матсидисо Моети.

Првиот случај во Гвинеја беше потврден минатата недела, само два месеци откако земјата прогласи крај на епидемијата на ебола, во која годинава починаа 12 лица.

Првпат Марбург е идентификуван во Западна Африка, а од 1967 година од овој вирус имало 12 големи епидемии, претежно во Јужна и Источна Африка. Стапката на смртност од Марбург варирааше од 24 до 88 проценти во минатите епидемии, во зависност од видот на вирусот и управувањето со кризи.

Вирусот се пренесува преку крв и секрети. По инкубацијата, која може да трае до шест дена, болеста започнува со висока температура, болки во мускулите и општа слабост, што доведува до големо оштетување на органите и е со чест фатален исход кај пациентите.