За ПОЧИТ! -Австриските доброволци користат ОДМОР за да гасат ПОЖАРИ во Македонија!

Вкупно 140 пожарникари и помошен персонал од Австрија секојдневно се борат со пожарите во малешевскиот регион. Тие пристигнаа во земјата во четвртокот, а во саботата ја направија и првата замена откако 96 пожарникари се вратија во татковината, а на нивно место дојдоа 114 нови.

Ниту еден од пожарникарите од Долна Австрија не е професионалец, туку сите работат на доброволна основа, како волонтери. Најголемиот дел од нив, поради ангажманот во Македонија, морале да користат денови од годишниот одмор, поради тоа што отсуствуваат од своите редовни работни места во татковината.

На нивната Фејсбук страница, Австријците редовно информираат за ангажманот во Македонија.