Connect with us

Инфо +

Активни шест пожари од кои три се поголеми: Кpитично е кај Сарај, поради нeпристапен терен се гасне со хеликоптер

Според последниот извештај на Центарот за управување со кризи до 16 часот на територијата на земјава има шест активни пожари, од кои три со поголем интензитет, три други се локализирани, а еден е под контрола. Активни се пожарите над селата Раовиќ – Буковиќ во Општина Сарај близу Националниот парк „Јасен“, кај селата Дивље и Крушје во Општина Петровец, еден во Прилепско, два во Велешко и на градската депонија во Виница.
Како што информира ЦУК, пожарот над селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај е активен на неколку правци на непристапен терен и се гасне со хеликоптер. Во Националниот парк „Јасен“ нема интервенција од хеликоптери и може да навлезе во паркот. Во гаснењето на пожарот учествуваат 20 припадници на Армијата, вработени во ШС „Јасен“ и НП Јасен, тројца пожчарникари со едно противпожарно возило и армиски хеликоптер. Според информациите на ЦУК од теренот, доцна попладнево на ова подрачје почнало да врне дожд.
Активен е пожарот кај селата Дивље и Крушје во општина Петровец и се шири кон ливади со сува трева. Во гаснењето учествуваат 12 вработени од ШС „Караџица“ и 5 пожарникари со 2 противпожарни возила.
Во Прилепско активен е пожарот кај село Топлица од село Ракле кон село Крстец, но е е со слаб интензитет. Екипите се справуваат со гасење во нискиот дел од село Ракле. Според ЦУК, се работи за приземјен пожар каде гори лисната постилка и сува трева. Во високиот дел има чадење, без пламени јазици, но поради ветерот можно е да префрли на Козјак, каде има само трева и камења. Опасност проширување на голем пожар до овој момент, не постои, посочуваат од Центарот. Во гаснењето учествуваат шест вработени од ШС „Црн Бор“ – Прилеп.
Активни се два пожари во Велешко и тоа кај Старо Градско и кај мотелот „Македонија“. И во двата пожари гори сува трева и во нивно гаснење интервенираат по тројца пожарникари со по едно противпожарно возило.
Пожар избувнал и на градската депонија во Виница, но опожареното место е под контрола. Интервенираат шест пожарникари со цистерни и двајца вработени од ЈП „Солидарност“ од Виница.
Два пожари има и на теритроијата на Општина Македонски Брод. Едниот е во атарот на селото Слатина, кој е локализиран, но има чадење во внатрешноста, каде интервенира екипа од ШС „Македноски Брод“. Вториот пожар кај село Девич, исто така, е локализиран, но и овде на терен е екипа од ШС „Македонски Брод“ со петмина вработени, како и тројца поѓарникари.
Пожарот кој започна кај местото викано Бeјаз Тепе во Општина Пехчево и потоа се префрли во реонот на село Будинарци во Општина Берово е локализиран. На теренот се присутни 49 припадници на МВР, осум вработени на ШС „Равна Река“со две теренски возила со цистерни, осум вработени на ШС „Малешево“ со две теренски возила со цистерни, 3 пожарникари од Берово со едно противпожарно возило, екипа на ДЗС со 7 вработени и едно теренско возило, како и противпожарни тимови од Австрија и од Бугарија.
Во 14:50 часот избувнал пожар на место викано Ладно Долче на еден километар на патот за село Страгово на висромнината Витачево во Општина Кавадарци, каде горела сува трева, во близина на дабова шума. До 16:00 часот пожарот е ставен под контрола, огнот е заобиколен и чади само во внатрешноста. Во гаснењето интервенираат тројца пожарникари со едно противпожарно возило и четворица вработени на ЈП „Национални шуми“ – ПО БОР – Кавадарци со едно противпожарно возило

Балкан

Силни поплави ја зафатија Атина и Солун – Грција под обилни дождови

Грција се соочува со серија разорни бури и обилни дождови предизвикани од силен циклон кој го зафати поголемиот дел од земјата. Најкритична е ситуацијата во северните, централните и југоисточните региони, како и во областа на Егејското Море, каде што во еден ден наврнале до 100 литри дожд на квадратен метар.

Интензивните врнежи предизвикаа разорни поплави и порои кои уништија возила, поплавија згради и предизвикаа големи материјални штети. Обилните дождови не ги заобиколија ниту главниот град Атина, ниту Солун, каде што штетите се значајни.

Метеоролозите предупредуваат дека серијата бури ќе продолжи до крајот на неделата, со дополнителна закана од разорни поплави и ненадејни водени талози. На некои локации се очекува дополнителни 100 до 200 литри дожд на квадратен метар, што дополнително го влошува ризикот за нови штети.

Граѓаните се советуваат да бидат внимателни, да избегнуваат непотребно движење и да се придржуваат до упатствата на локалните власти.

Continue Reading

Балкан

Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање во БиХ и на Балканот

Заменик-генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, изјави дека Алијансата внимателно ги следи обидите на Русија да влијае врз внатрешните процеси во Босна и Херцеговина и на поширокиот Западен Балкан. Таа оцени дека активностите што се забележуваат претставуваат типичен дел од рускиот хибриден арсенал, насочен кон создавање поделби и поттикнување сецесионистичка реторика.

Шекеринска нагласи дека руските обиди за хибридно делување не се ограничени само на регионот, туку се присутни и кај други сојузници и партнери на НАТО. Според неа, Западен Балкан останува од стратешка важност за Алијансата, која во регионот има повеќе членки, како и партнери меѓу кои и БиХ.

Говорејќи за состојбата во одбранбениот сектор на БиХ, таа посочи дека НАТО помага во низа практични области, но дека стабилното финансирање на Оружените сили на БиХ е клучно за нивна модернизација. Потсети и на програмата DCB, преку која БиХ доби опрема и специјализирани возила со поддршка од Словенија, но предупреди дека таквата помош мора да биде проследена со долгорочни национални вложувања.

Во пораката до политичките лидери во БиХ, Шекеринска истакна дека политичките компромиси често се ризични, но носат поголема сигурност и стабилност на долг рок. Таа додаде дека граѓаните очекуваат исчекори напред, наместо повторување на истите политички конфликти што ја следат земјата веќе три децении.

Continue Reading

Балкан

Евзони повторно блокиран: Грчките земјоделци го стопираат сообраќајот цел ден

Граничниот премин Евзони денеска повторно е во целосна блокада поради штрајкот на грчките земјоделци, кои со протестите го запираат сообраќајот за сите категории возила.

Според информациите од Авто-мото сојузот на Македонија, преминот ќе биде затворен во два термина: од 10 до 14 часот и повторно од 18 до 22 часот.

Блокадата предизвикува значителни застои и пречки за патниците и превозниците кои патуваат кон Грција, а засега нема најави кога ситуацијата би можела да се нормализира.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг