Заев со прекрасна вест: Ќе ја обновиме и изгорената шума која беше зафатена од силните пожари

Премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи упати благодарност до сите кои учествуваат во гасењето на пожарите во Македонија.

Како што додаде тој, најважно е дека луѓето и нивните имоти се заштитени, а шумата ќе се обнови во најбрз временски период.

„Солидарноста, системското функционирање, хиерархиската поставеност, во координација со меѓународните сили, го дадоа резултатот за да се локализираат и изгасат пожарите.

Заслужни за тоа се армиските хеликоптери, заедно со нашите херои – пожарникарите, полицијата, армијата, шумарите и шумските служби, ДЗС, ЦУК, како и помошта од Австрија, Словенија, Романија, Бугарија и Србија.

Голема е загубата во делот на шумите, но во брзо време ќе ги возобновиме. Важно е дека се заштитени луѓето, куќите, шталите и имотите на граѓаните“, рече Заев.