20 години Рамковен договор: Кои политичари ставија потписи на овој договор?

Преговорите се одвивале во Вилата Билјана во Охрид во текот на јули и август 2001, каде што е и парафиран договорот на 10 август 2001, па оттаму името Охридски договор.



Преговорите траеле речиси еден месец и во нив учествувале претседателот на РМ Борис Трајковски, претставниците на политичките партии: Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ, Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Имер Имери, претседател на ПДП, и Арбен Џафери, претседател на ДПА, потоа претставници на ЕУ: Франсоа Леотар и Хавиер Солана, претставници на САД: Питер Фејт и Џејмс Пердју, разни советници и експерти: Владо Поповски, Љубомир Фрчковски и други.



Преговорите биле мошне напнати, бидејќи се одвивале паралелно со вооружени непријателства помеѓу двете страни.

Во неколку наврати постоела можноста да се прекинат преговорите и конфликтот да ескалира во отворена граѓанска војна.[9] Според книгата на Петрит Менај, „ОНА-порака и надеж“, во преговорите индиректно, т.е. телефонски бил консултиран и Али Ахмети, иако тој формално не бил учесник на преговорите.

Потписници

По завршувањето на преговорите во Охрид, на 13 август 2001 во Скопје договорот го потпишале (по азбучен ред):



Љубчо Георгиевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Имер Имери, претседател на ПДП
Борис Трајковски, претседател на Република Македонија
Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ и
Арбен Џафери, претседател на ДПА.
Како гаранти на договорот од меѓународната заедница, потписници на договорот се и специјалните претставници:



Франсоа Леотар, претставник на ЕУ
Џејмс Пердју, претставник на САД