Connect with us

Инфо +

Без доказ за примена вакцина, ќе треба да платите 250 ЕВРА КАЗНА за влез во кафиќ

– Физичките лица, односно граѓаните, ќе плаќаат казна по 250 евра, а правното лице од 2.500 до 30.000 евра, во зависност од големината на објектот, плус 1.500 евра за одговорното лице, вели дирекоторката на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) Анета Симеска-Димоска.

Владата пред една недела донесе одлука која почнува да важи од 16 август со која се воведува задолжителна потврда за вакцинирање, најмалку една доза.

Се воведува задолжителна редарска служба заради контрола на потврдата за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

Балкан

Банско се поклони пред Никола Вапцаров по повод 116 години од неговото раѓање

Денес пред споменикот на поетот Никола Вапцаров во Банско, деца, млади, возрасни и пензионери се поклонија пред делото на великанот од градот.

По повод 116 години од неговото раѓање, јавни личности, претставници на локалните институции, ученици и граѓани положија венци и цвеќе како знак на почит и признателност.

Делото на Вапцаров останува живо и денес, како неизбежен дел од духот, историјата и идентитетот на Банско.

Continue Reading

Свет

Илон Маск повика на укинување на ЕУ

Американскиот милијардер Илон Маск го критикува Европската Унија откако неговата платформа X беше казнета со 120 милиони евра за наводно кршење на правилата за транспарентност според Законот за дигитални услуги на ЕУ. Маск ја нарече казната „луда“ и нагласи дека таа е насочена не само кон платформата, туку и лично кон него.

Казната е резултат на неправилна имплементација на функцијата „сина етикета“ за верификација на корисничките сметки, како и непочитување на обврските за транспарентност во рекламирањето и ограничена достапност на податоците за регулаторите.

Маск дополнително изјави дека „ЕУ мора да се укине, а целосниот суверенитет да им се врати на земјите-членки“, додавајќи дека бирократијата на Унијата „полека ја задушува Европа“. Тој исто така предупреди дека ќе се одмазди против поединците кои стојат зад одлуката, без да даде детали за начинот на одмаздата.

Continue Reading

Балкан

Јадранот претворен во депонија од пластика

Рибарите долж Јадранското Море секојдневно извлекуваат значителни количини пластичен отпад, но поради недоволна инфраструктура за негово собирање и предавање, проблемот со години останува нерешен. Истражувањата покажуваат дека Јадранот има повеќе плутачки отпад отколку остатокот од Медитеранот, а над 80 проценти од него е пластика.

Во обид да се справи со оваа криза, здружението Sunce во соработка со организации од Хрватска и Италија спроведува проектот FishNoWaste. Целта е да се соберат податоци за видот и количините на отпад што се појавува во риболовот и да се развие модел за заедничко управување со отпадот, кој ќе овозможи повторна употреба, рециклирање и значително намалување.

„Законот ги обврзува рибарите да го предадат отпадот што пасивно го уловиле, но често нема каде да го остават“, посочува Дора Чакушиќ, асистентка во Одделот за комуникации и застапување. Таа додава дека постојните системи за прием на отпад на копно се неефикасни и недоволно развиени, па трудот на рибарите често останува без посакуван резултат.

При влечење на мрежите, рибарите извлекуваат и отпад од морското дно, а дополнителен отпад настанува токму за време на риболовните активности – поради кинење на мрежи, губење конопи, бови и други пластични елементи. Особено проблематични се „ghost nets“ – изгубени мрежи кои продолжуваат да фаќаат морски живот.

Проектот FishNoWaste вклучува научен мониторинг на отпадот, како и пилот-имплементација на модел за заедничко управување во избрани пристаништа. Целта е вклучување на рибарите за поголема ефикасност при собирање, сортирање и предавање отпад.

Sunce исто така спроведува едукативни програми за рибарите, училиштата и локалните заедници, промовирајќи принципи на кружна економија и свест за влијанието на морскиот отпад врз екосистемот, здравјето и економијата.

Очекувањата се дека проектот ќе доведе до значително подобрување на системот за управување со риболовен отпад, развој на заеднички стратегии и зголемување на количествата отпад што се собира, сортира и рециклира, со долгорочен ефект врз зачувувањето на Јадранското Море.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг