Има едни херои – Во маска и мантил со долги ракави, на 40+, ја менаџираат реката граѓани во пунктовите

Има едни луѓе кои не можете да ги видите. Во маска и мантил со долги ракави, на 40+, ја менаџираат реката граѓани во пунктовите.

Немаат дури ни појадок. Нема кога. Нема како.
Меѓу стотици и стотици луѓе дневно, на работ на физичката и емоционалната сила, учествуваат во борбата со времето и болеста. Секој работен ден, шест дена во неделата. Зошто и сабота за нив е нормален работен ден.
Тие се новите херои. Медицинските сестри и лекари коишто во последниве месеци и денови „гинат“ во вакциналните пунктови.
Нивните семејства најдобро знаат како се враќа дома таа човечка енергија. И колку е исцрпувачки тој менаџмент со сите позитивни, среќни, исплашени, тажни, нервозни, надмени, добри и помалку добри, возрасни, деца и млади, немоќни, лица со поддршка и лица со различни попречености.
А со сите нив, треба да се најде и пристап. И не смее да има грешка.
Тие се анонимните херои, кои всушност имаат име и презиме и имаат и свои семејства. И свои лични приказни.
Тие навистина заслужуваат награда. Национално признание за исклучителната посветеност на јавното здравје, во борба која е долга и тешка за сите.
Тие, кои заедно со сите други досега, со личен влог и многу жртва ја испишуваа(т) историјата на оваа пандемија.
Секоја им чест! Вредат злато!
И не смеат да бидат заборавени!

ФБ статус на Тамара Ќупева