Connect with us

Инфо +

На прекрасен начин ги испративме: Словенечките пожарникари се враќаат дома

Published

on

Гордо ги поздравуваме пожарникарите кои успешно ја завршија мисијата и сега му кажуваат збогум на Македонија на граничниот премин Табановце, стоеше во кратката објава на нивниот официјален профил.

Словенија испрати помош на државата за справување со пожарите и огнените стихии, а повеќе од 100 словенечки пожарникари деноноќно заедно со АРМ, колегите од Австрија, Бугарија и локалното население, се бореа со огнот во Берово, Пехчево, Делчево и целиот малешевски-пијанечки регион.

Жителите на Берово пак синоќа со голем аплауз и музика ги испратија пожарникарите од Словенија кои помагнаа во гасењето на пожари во овој регион


Македонија

Вицепремиерот Изет Меџити во Вашингтон: Партнерството со САД, гаранција за стабилноста и развојот на Северна Македонија

Published

on

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, реализира низа средби во Вашингтон, со што го потврдува ангажманот за зајакнување на стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави.

„Соработката со САД не е само опција, туку гаранција за безбедна сегашност и иднина на нашите граѓани. Средбите што ги остварувам овие денови во Вашингтон се доказ за нашата посветеност во зајакнувањето на ова пријателство и унапредувањето на развојот на Северна Македонија,“ изјави Меџити.

За време на посетата, тој одржа средба со конгресменот од Њујорк, Том Соуз, со кого разговараше за стратешки важни прашања за двете земји.

„Партнерството со САД е столб на стабилноста и долгорочниот развој на Северна Македонија, а ние остануваме посветени на натамошно зајакнување на оваа стратешка врска,“ нагласи Меџити по средбата.

Посетата на Вашингтон се реализира во рамките на владините заложби за консолидирање и зајакнување на односите со еден од главните меѓународни сојузници на Северна Македонија, со фокус на економскиот развој, безбедноста и политичката соработка.

Continue Reading

Македонија

МВР: Лажни се дојавите за бомби во училиштата

Published

on

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека по мноштвото пристигнати пријави за наводно подметнати експлозивни направи во повеќе основни и средни училишта на речиси цела територија на државата, надлежните служби на министерството преземаат сеопфатни плански мерки и активности согласно внатрешните процедури за постапување во случај на терористичко загрозување.

Напоредно со ова се врши и проценка на степенот на загрозувањето во меѓусебна координација на безбедносно-разузнавачките служби, преку формиран оперативен штаб во рамки на Министерството.
Согласно досегашните активности, проверките покажуваат дека станува збор за лажни пријави.

Воедно, Министерството за внатрешни работи повикува и апелира за смиреност во јавноста и воздржување од ширење на дезинформации околу ваквите настани што инаку вчера беа евидентирани и во други земји во регионот.

Continue Reading

Македонија

ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ БИТОЛА ОДБЕЛЕЖА „80 ГОДИНИ НАСТАВА НА СОВРЕМЕН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК“

Published

on

Со Свечена академија која се одржа во Центарот за култура, Гимназијата „Јосип Броз Тито“ од Битола, одбележа „80 години настава на современ македонски јазик“. На настанот, на кој присуствуваа голем број гости, плакети за особен придонес во развојот на современиот македонски јазик им беа доделени на Претседателката на Република Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, градоначалникот Тони Коњановски, Научната советничка во институтот за македонски јазик, проф. Др Веселинка Лаброска, на Aкадемик и претседател на МАНУ, проф.др Живко Попов и Академик проф. Др. Владо Камбовски.

Во своето обраќање пред присутните, претседателката Сиљановска Давкова, нагласи дека, мораме да си го сакаме, негуваме и чуваме македонскиот јазик, затоа што така ќе го сочуваме нашиот заеднички дом, Македонија.

„Македонскиот народ, македонската нација, македонскиот јазик и македонскиот идентитет се неразделен квартет. Каква моќна меморија и порака има оваа гимназија. На првиот час се рецитирале Миладинов и Рацин на мајчин јазик, на македонски според стандардите што ги пропишал нашиот значаен, најзначаен лингивист и македонист Блаже Конески. Како претседателка и долгодишна професорка, како некоја која својот живот го посветила на образованието, горда сум на вашите достигнувања. Вие сте вреден и посветен колектив на даскали во најубавата смисла на зборот. Успесите што ги споменав се потврдени со бројни и значајни одликувања, награди и признанија. 80 години се зад нас, но пред нас се нови столетија“, рече претседателката Сиљановска Давкова.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, нагласи дека овие денови, кога накратко, ретроспективно со серија настани поминуваме низ времето зад нас, со највисоки суперлативи можеме да дадеме признание на секој поединец кој се образувал и работел во Гимназијата „Јосип Броз Тито“, затоа што заложбите за напредок на институцијата никогаш не замреле, напротив, од година во година, станувале се поголеми, а континуираниот успех и денес создава млади и успешни личности, со големи достигнувања во различни области.

„Темелите на успехот се создаваат само со добро знаење, познавање на сопствениот идентитет, јазик, култура, традиција. Знаењето за нашата богата македонска историја е токму она што ги гради нашите човечки вредности, не поучува, обврзува и насочува кон нашиот придонес, како академски граѓани и градители на татковината.
Битола е град кој во себе сочувал големо културно – историско наследство, а Гимназијата „Јосип Броз Тито“ е меѓу најважните институции во нашиот град, затоа што токму оваа воспитно – образована институција, е една од првите гимназии во Македонија, во која на денешен ден, пред точно 80 години започна да се изведува настава на македонски јазик. Низ годините низ училишните клупи на ова училиште поминале генерации успешни луѓе, лекари, архитекти, инженери, професори, уметници, научници кои негувајќи ги сопствените јазични вредности, едуцирајќи се и образувајќи ги новите генерации станале вистински промотори на Битола и Македонија, насекаде низ светот.
Во основа на сите стекнати знаења, лежи моќта на јазичното изразување кое создава соодветна нарација, го открива непознатото и ги креира убавините кои треба да бидат дел од нашето опкружување. Горди на постигнатите успеси, продолжуваме да бидеме афирматори и промотори на нашиот македонски јазик, кој ни овозможил да започнеме да ги разбираме промените околу нас, но и да бидеме иницијатори на нови позитивни промени.
Одбележувањето на еден ваков јубилеј, истовремено ги сублимира впечатоците на многу генерации, потсетува на личниот печат кој секој вработен го оставил во институцијата, посебно подеднакво истакнувајќи ја важноста и на формалното и на неформалното образование“, рече градоначалникот Коњановски, потенцирајќи дека успесите на младите луѓе, продолжуваат да ги негуваат идентитетските карактеристики, да ја градат иднината на нашата татковина, на нашиот град и да ја креираат визијата за прогресивност и успешност.

Директорката на Гимназијата, Лидија Споа, истакна дека училиштето останува столб на заедницата место каде се гради иднината, се почитува минатото и се остава простор за нови идеи и перспективи.

„80 години успех се доказ за нејзината важност и трајност како центар на знаењето, културата и духовното богатство. Оваа гимназија е повеќе од образовна институција. Угледот и успесите на Гимназијата ги потврдува фактот што тука завршиле осумнаесет академици од МАНУ, шест народни херои, градоначалници, ректори, декани, конзули, познати лекари, архитекти, јазичари, правници, уметници, економисти спортисти. Гимназијата е симбол на борбата за културна сувереност и е место каде иднината се проектира низ призмата за сегашноста“, рече меѓудругото директорката Споа.

На Свечената академија, беше изведена претставата насловена „Експериментум Македоникум“, подготвена под менторство на професорките по македонски јазик Даниела Петровска и Симона Петровска, а во истата учествуваа ученици од сите четири години во Гимназијата.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк