Објавена листата на граѓани кои добија ваучери за одмор

Владата и оваа година доделува ваучери за туризам на најзагрозените граѓани кои можат да се искористат за летување во нашата земја.

На овој начин им се помага на најсиромашните граѓани и се заживува економијата и туризмот во земјава.

Министерството за економија денес ја објави листата на граѓани кои ги добиле овие ваучери со средства за користење и организирање на одмор во износ од 12.000,00 денари.

Овој пат ваучерот за користење на средства за организиран одмор ќе може да се искористи најдоцна до 30 ноември 2021 година, во некој од угостителските објекти од листата на пријавени (на претходен конкурс), објавена на веб-страната на Министерство за економија.

Добитниците на потврди кои се од Скопје, истите ќе можат да ги подигнат во Министерството за економија – Сектор за туризам и угостителство, од понеделник 16.08.2021 година, од 09:00 до 14:00 часот. На добитниците кои не се од градот Скопје истите ќе им бидат испратени по пошта.

Листата на одобрени потврди за користење на средства за организиран одмор во износ од 12.000 денари може да ја проверите на линкот со клик ТУКА.