„Преспаленд“- Илинденска прошетка со Илина Арсова, во чест на 2000 востаници

Ресен, 14 август 2021 (МИА) – Во чест на 12-те комитски чети, кои со над 2.000 востаници делувале во Преспа, денеска ќе се одржи Илинденска прошетка од селото Стење до селото Коњско и назад.

Предводник на групата ќе биде македонската алпинистка, уметник и активист Илина Арсова, а настанот е дел од манифестацијата „Преспаленд“.

На прошетката Арсова со присутните ќе сподели интересни факти за регионот, меѓу кои дека изобилува со богата флора и фауна, а периодов најмногу со корморани и пеликани.

– Тука расте и редок вид зимзелени дрва- фоја. Селото Коњско е карактеристично по својата местоположба и е близу до островот Голем град и од некогаш изолирано село со девет куќи, денес овде има над педесет, се дел од фактите на Арсова.