Connect with us

Инфо +

Д-р Пановски: Да понесат одговорност тие што дозволија да имаме 5000 нови случаи и 50 починати, а сѐ уште сме на почеток

Да понесат одговорност тие за тоа што ни го направија и што дозволија да имаме 5000 нови случаи на Ковид-19 и веќе 50 починати, а сѐ уште сме на почеток, вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски за ТВ Канал 5.


Тие родители, што сѐ уште не се вакцинирани целосно, имаат време да се вакцинираат. Евентуално, би требало да им се даде рок на родителите да се вакцинираат. Тоа има логика, за децата да им тргнат на училиште,вели д-р Пановски.

Според д-р Пановски, „ако некој бил толку храбар и дозволил свадби и прослави во затворено, може да биде и помалку храбар и да дозволи нешто корисно, а тоа е да се отворат училиштата“.



Факт е дека со вакцина нема да имаме колективен имунитет, тоа треба јавно да се признае. Само природниот имунитет може да даде колективен имунитет кој кај нас е недозволиво потценет. Значи, вакцината користи, апелирам луѓето да се вакцинираат, вели д-р Пановски.

Advertisement

Балкан

Радев: Внесувањето на Бугарите во Уставот ќе го забрза европскиот пат на Македонија

Претставниците на бугарските организации од шест македонски градови (Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Кавадарци и Кочани) категорично се изјаснија против уставни измени со одложено дејство во однос на внесувањето на Бугарите во Уставот на Република Македонија.

Својот став го презентирале пред бугарскиот претседател Румен Радев, нагласувајќи дека станува збор за гарантирање на основните човекови права.

Од друга страна, бугарскиот претседател Радев вчера повтори дека впишувањето на Бугарите во Уставот на РМ значително ќе го забрза патот на земјата кон Европската Унија.

„Вклучувањето на Бугарите во Уставот на РМ значително ќе го забрза патот на земјата кон ЕУ и се надевам дека нашиот југозападен сосед ќе го стори тоа што е можно поскоро за да си ги отвори вратите за преговори за полноправно членство“, изјави Радев на приемот за претставниците на бугарските организации од Македонија.”

Радев изрази надеж дека македонските власти ќе го спроведат „европскиот компромис“ од 2022 година, потенцирајќи дека иако сите се надеваат на што поскора интеграција на РМ, тоа не смее да биде на сметка на правата на бугарската заедница во земјата.

Continue Reading

Балкан

Грчките земјоделци не попуштаат – блокадите на границата продолжуваат и денес

Блокадите на грчката граница поради бесните протести на земјоделците продолжуваат да го тресат регионот, предизвикувајќи застој на клучните точки кон Бугарија и Македонија! Иако на Кулата-Промахон засега владее релативен мир и сообраќајот се одвива нормално (иако таа „милост“ трае само до 10:00 часот денес, по што се очекува ново затворање), ситуацијата е сериозно непријатна.

Граничниот премин Евзони (Богородица) е повторно мета! Вчера вечер, околу 18 часот, грчките земјоделци повторно го спуштија „клучот“, оставајќи голем број возила заглавени. Иако претходно беше отворен само неколку часа за да се овозможи минување на колоните камиони и заглавените автомобили, овој премин останува несигурна зона.

Гневот стигна и на граничниот премин Ники (Меџитлија)! Конвој трактори утрово кратко го блокираше влезот и излезот од Грција. На грчката страна веќе четврти ден стојат над 150 трактори, а денеска пристигнаа и дополнителни 130 од Јаница, најавувајќи уште пожестоки акции!

Поради немилосрдните блокади, на граѓаните кои планираат пат кон јужниот сосед најстрого им се препорачува да го користат граничниот премин Дојран.

Земјоделската тактика е позната: нема однапред најава! Тракторите се паркирани, а на секојдневни состаноци се решава кога и колку долго ќе се блокираат прекуграничните патишта. Оваа пракса ќе продолжи, а земјоделците, барем засега, се непоколебливи.

Протестите се шират низ целата земја. Кај Никеа, во близина на Лариса, околу 1.800 трактори го затворија автопатот Солун-Атина! Во Кардица, над 2.000 трактори учествуваат во блокадите. Исто така, на излезот од Солун, блокада има на патот кон Атина.

Со поставувањето на новогодишни елки на местата на блокадите, демонстрантите испраќаат јасна порака: Нема да отстапиме! Доколку е потребно, празниците ќе ги минат на улица.

Протестите, кои почнаа во неделата со најава за интензивирање до 5 декември, немаат дефинитивен крај. Иако се очекуваат преговори, дополнителна тензија може да предизвика прогнозираниот црвен код за обилни врнежи од дожд низ поголемиот дел од Грција, што може да ја принуди ситуацијата барем привремено да се измени!

Continue Reading

Свет

Путин за средбата со американските претставници

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека состанокот со американските пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер бил „многу корисен“, нагласувајќи дека разговорите се надоврзуваат на предлозите кои претходно ги дискутирал со претседателот Доналд Трамп на средбата во Алјаска, пренесе РИА.

Според Путин, разговорите се одолговлекле бидејќи Виткоф инсистирал детално да ги разгледа речиси сите точки од американскиот предлог за кој биле задолжени претставниците на Вашингтон.

Тој додаде дека во процесот за украинско мировно решение е важно да бидат вклучени европските земји, но истакна дека нивната улога треба да остане ограничена и да не се претвори во мешање во самите преговори.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг