Connect with us

Инфо +

Заев им обезбедил сместување на бегалците од Авганистан во Македонија

Published

on

Во одговорот премиерот Зоран Заев за Канал 5 телевизија вели:



„Авганистан се соочува со можна хуманитарна катастрофа и затоа ние како Влада, ги информиравме нашите стратешки партнери САД дека стоиме на располагање да помогнеме согласно нашите капацитети и потребите. Со цел да се спасат животите на локалното население, информиравме дека спремни сме да преземеме и прифатиме цивилно население од Авганистан кое изминативе 20 години работеше на мирот во таа земја, беше локална поддршка на сојузничките НАТО сили вклучително и на нашата армија, како и преземање и прифаќање активисти од демократските хуманитарни организации и од организациите за човекови права во Авганистан.



Подготвени сме да обезбедиме сместување во хотели и одморалишта за што оперативата и трошоците за време на нивниот престој, до обезбедување трајна дестинација, целосно би биле покриени од страна на САД.



Ние сме солидарна земја, нашиот народ и нашето општество секогаш давале поддршка и помош исто како што сме добивале помош при огромни катастрофи.
Заеднички со САД ќе ги планираме идните чекори за натамошното постапување.



Во Авганистан во овој момент имаме и стотина македонски граѓани со кои е воспоставена комуникација, тие се чувствуваат безбедно, а компаниите за кои работат имаат обезбедено планови за евакуација.



Исто така, пријателски земји изразија подготвеност при евентуални организирани летови за евакуација да бидат на располагање и за граѓаните на Македонија“ се вели во одговорот на првиот човек на македонската Влада за Канал 5 телевизија.

Инфо +

Акција „Вардар“; Дачиќ: Во Македонија запленети меѓу 300.000 и 400.000 фалсификувани евра и пронајдена печатница за фалсификувани пари

Published

on

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека полициски службеници од СБПОК, во соработка со полициски службеници од Македонија и Европол, во рамки на големата оперативна акција со кодно име „Вардар“, а по наредба на Јавното обвинителство за Организиран криминал денеска на територијата на Србија уапси шестмина членови на организирана криминална група поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело здружување заради сторено кривично дело фалсификување пари.

Според Дачиќ, вкупно шест лица се уапсени во Нови Пазар, Нови Сад, Сомбор и Суботица.

Уапсен е И.П. (1978) од Суботица, И.П. (1999) од Суботица, А.Б. (1955) од Нови Пазар, С.Н. (1962) од Нови Сад и С.О. (1985) од Нови Сад, З.Н. (1978) од Бачки Моноштор, општина Сомбор, соопшти МВР.

При апсењето била пронајдена поголема количина фалсификувани пари.

Се вршат претреси на повеќе локации, а досега се запленети околу 180.000 фалсификувани евра во апоени од 50, 100 и 200 евра.

Во претходниот период при акцијата беа запленети околу 120.000 фалсификувани евра, што е вкупно околу 300.000 фалсификувани евра.

„На територијата на Северна Македонија се запленети меѓу 300.000 и 400.000 фалсификувани евра и пронајдена печатница за фалсификувани пари. Aкцијата продолжува, рече Дачиќ.

Continue Reading

Македонија

Божиновска во посета на ПВЕ Богданци: Нови ветерни турбини, повеќе струја, помалку загадување

Published

on

Ветерните паркови не се само економски исплатливи, туку и еколошки одговорни. Тие се клучот кон одржлива иднина и економски раст кој не ги загрозува ресурсите на идните генерации, истакна министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска која денеска го посети Паркот на ветерни електрани (ПВЕ) Богданци, првиот ваков објект во земјава кој го користи ветерот како погонска сила за производство на електрична енергија.

Во придружба на официјални претставници од АД ЕСМ, Иван Стојановски, директор за финансии, и Гоце Џамбазовски, помошник директор за обновливи извори, министерката се запозна со тековните активности и идните планови на овој значаен енергетски капацитет. Беше запознаена со инфраструктурата на паркот, вклучувајќи ја командната соба, сервер салата и трафостаницата, која е клучна за функционирањето на целиот комплекс. Посети и една од турбините, каде имаше можност да го види влијанието на проектот во реални услови. Инсталираната моќност на секоја од турбините е 2,3 мегавати, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри.

Во текот на обиколката, Џамбазовски истакна дека ПВЕ Богданци не само што е пример за успешна инвестиција во обновлива енергија, туку и значаен придонес кон националниот електроенергетски систем.

-Турбините се производство на Сименс – Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа. Паркот, со своите 16 турбини, има инсталирана моќност од 36,8 мегавати и годишно произведува околу 100 гигават часови природно одржлива енергија, што е доволно за снабдување на околу 60.000 граѓани, намалувајќи ја зависноста од фосилните горива и придонесувајќи за намалување на емисиите на CO2, рече Џамбазовски.

Министерката за енергетика беше информирана и за плановите за втората фаза на проектот ПВЕ Богданци 2, која ќе додаде дополнителни 13,2 до 15 мегавати капацитет. Оваа фаза е дел од пошироката стратегија на Владата да го зголеми учеството на обновливите извори на енергија до 45 отсто од вкупното производство до 2030 година. Во оваа фаза е предвидено поставување на дополнителни четири ветерни турбини, секоја со инсталирана моќност од 3,4 мегавати, со што вкупната инсталирана моќност ќе се зголеми на околу 50 мегавати, обезбедувајќи дополнително годишно производство од 37 гигават часови електрична енергија.

Божиновска ја истакна важноста на ваквите проекти за енергетската независност и одржливиот развој на земјата и истакна дека ветерните паркови не само што придонесуваат за заштита на животната средина, туку и обезбедуваат стабилно и одржливо снабдување со електрична енергија за граѓаните.

-Паркот на ветерни електрани Богданци останува симбол на енергетската иднина на нашата земја, покажувајќи дека со правилни инвестиции и посветеност кон одржливи решенија, можеме да обезбедиме подобра и почиста иднина за сите нас. Ветерните паркови, како овој во Богданци, се клучни за намалување на емисиите на стакленички гасови и за борба против климатските промени. Тие обезбедуваат чиста енергија, намалувајќи ја зависноста од увоз на енергија и создавајќи нови работни места. Покрај економските придобивки, ветерните паркови придонесуваат за енергетска независност и стабилност, што е особено важно за земјите како Македонија, рече Божиновска.

Со изградбата на втората фаза, додаде, ПВЕ Богданци ќе стане уште поголем играч на македонскиот енергетски пазар, придонесувајќи за економски раст и зелена транзиција.

-Ова е јасен сигнал дека Македонија е посветена на одржливи економски решенија кои ги балансираат економските, социјалните и еколошките интереси, потенцира Божиновска.

Continue Reading

Македонија

Почна протестот „Правда за Фросина“- родителите во прв ред

Published

on

Протестот на Партизанска на кој се бара правда за смртта на младата Фросина почна. Присутни се голем број граѓани со транспаренти на кои пишува „Безбедноста е право, не привилегија“, „За монструмот да не лежи во затвор, Фросина лежи во гроб“, „Казна за родителите“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „Судии, ослободете ја правдата“ и други.

Насобраните граѓани ќе се движат до Собранието, Основното јавно обвинителство, а ќе се завршат пред Кривичниот суд.

Иницијативата „Кој е следен“ објави правила и препораки за однесување на протестниот марш:

1. Почитувајте ги инструкциите на редарите;
2. Движете се постојано по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните;
3. Забранети се партиски обележја – протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира;
4. Избегнувајте секакви провокации и не реагирајте на истите. Не се впуштајте во конфротација;
5. Забрането е носење на остри предмети, оружје, пиротехники и слични предмети;
6. Почитувајте го јавниот простор – одржувајте чистота и не оставајте отпад. Забрането е уништување на јавен и приватен имот.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк