Децата од 4 години ќе одлучуваат кој пол сакаат да го имаат: Најнова одлука во Шкотска

Децата на возраст од над четири години ќе можат да изберат пол во училиштата без согласност од родителите, предвидува новиот водич за инклузивна ЛГБТК + на шкотската влада.

Според новоо упатство на шкотската влада, секое дете што ќе одлучи да го промени полот мора да биде поддржано и сослушано во образовна институција, објави британски „Телеграф“.

Упатството важи во основните училишта, каде што најмалите деца имаат четири или пет години, бидејќи „препознавањето и развојот на целосниот идентитет може да се случи во најраното детство“, се наведува во него.

Според Дејли Меил, упатствата ги обврзуваат и наставниците да не ги прашуваат директно децата дали сакаат да живеат како момче или девојче, ако забележат таква тенденција, туку наместо тоа да ги прашаат за нивното име и заменката што сакаат да ја користат и со која треба им се обраќаат.