Connect with us

Македонија

Филипче: Новите мерки нема да почнат денес, ќе дадеме разумен рок

Published

on

Ни утре, ни задутре нема да почнат новите мерки за влез и излез од државата. Ќе дадеме дадеме разумен рок – дали тоа ќе биде една недела или десетина дена, ќе соопштиме утре. Имаме предвид дека многу од нашите граѓани се на одмор, а други допрва треба да одат. Не сакаме да им предизвикаме дополнителен финансиски трошок, рече вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

Во гостување на ТВ Сител, Филипче објасни дека и странските државјани и нашите, ќе треба да приложат PCR тест не постар од 72 часа, сертификат дека ја прележале болеста стар 45 дена или потврда дека се вакцинирани. Притоа, за децата нема да важи задолжителен PCR тест.

Филипче повтори дека вакцинацијата е единствениот механизам за излез од корона кризата. Со примени две дози, напомена, за 20 пати е намален ризикот од смртен исход ако некој се зарази.

– Има докази дека вакцината дава резултати, се докажува и ефикасноста. На милион дадени дози нема посериозен несакан ефект освен вообичаено црвенило или покачена телесна температура. Во промили се мерат бројките на вакцинирани, а новодијагностицирани и заразени, истакна министерот и укажа дека се оптоварени болниците токму во градовите каде што е помал опфатот со вакцинацијата како во Тетово, Куманово, Гостивар.

Филипче потенцира и дека подолготраен е имунитетот стекнат со вакцинација и ревакцинација, отколку со прележување.

-Колективен имунитет се стекнува само со вакцинација и докажано е дека е потраен од оној стекнат со прележување на болеста. Битно е и тоа што со вакцинацијата ќе покажеме дека водиме сметка и за другите земји, подвлече Филипче.

Во врска со вчерашните протести, рече дека не можеше да се слушне некаков аргумент за вакцините, ниту за нивната ефикасност или безбедност.

– Слушнавме, за жал, еден куп навреди и закани и кон здравствените работници кои тоа најмалку го заслужуваат зашто изгинаа од работа, деноноќно. Не заслужија некој да ги нарекува убијци. Тоа на ништо не личи. Навистина сум изненаден и разочаран, рече Филипче.

Македонија

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Published

on

Полицијата денеска ги објави идентитетите на загинатите во „аудито“ кое вчера околу 16 часот излета од локалниот пат Сарај-с.Рашче и падна во реката Вардар.

Според МВР, во возилото кое е извадено синоќа од Вардар се пронајдени телата на три починати женски лица Н.А.(23), В.А.(25) и З.А.(59) сите од с.Грчец, скопско.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител, телата на починатите се дадени за обдукција.

Во несреќата со телесни повреди се здобило четиригодишно дете-сопатник, констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“, а се трага по А.А.(56) од с.Грчец,скопско, кој според исказ на роднини, бил во возилото пред да излета од патот.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, а екипи на СВР Скопје и Одделот за специјални полициски операции со физичко пребарување и пребарување со два дрона од страна на САЕ Тигар и Единицата за брзо распоредување преземаат мерки и активности за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Македонија

„#ВЕРОзаТЕБЕ“ ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА Кампањата носи радост и поддршка за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост

Published

on

Во духот на божиќните празници, преку подароци од Џамбо маркетите, ВЕРО се грижи празничната сезона да биде исполнета со радост и надеж за сите на кои им е најпотребна.

Кампањата „Поддршка за згрижувачките семејства“, дел од платформата #ВЕРОзаТЕБЕ“, го достигна својот следен чекор со проширувањето во Битола.

По успешното лансирање во Скопје, оваа иницијатива продолжува да прави разлика, обезбедувајќи поддршка за згрижувачките семејства и центрите за лица со попреченост низ Северна Македонија. Во духот на божиќните празници, преку подароци од Џамбо маркетите, ВЕРО се грижи празничната сезона да биде исполнета со радост и надеж за сите на кои им е најпотребна.

– Згрижувачките семејства нудат љубов и стабилност, додека центрите за лица со попреченост обезбедуваат поддршка и еднакви можности. Оваа кампања е повеќе од помош – таа е порака дека нивната работа е вреднувана и дека заедницата стои зад нив. Ваквите иницијативи се клучни за вистинска промена и подобрување на животите на најранливите – изјави Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади.

Continue Reading

Македонија

Измамена жена, маж ѝ зел 18.500 евра за да и направи куќа

Published

on

На 02.01.2025 во 13.45 ч. во ПС ОН – Кочани 45-годишна жена од Кочани пријавила дека била измамена од С.А.

Според пријавеното, од октомври 2024 до денот на пријавување, по претходен договор дека за 22.000 евра ќе и ја направи куќата, во неколку наврати му дала вкупно 18.500 евра, но С.А. не ја направил куќата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк