Connect with us

Инфо +

Македонија не може да прими бегалци, едноставно не е способна

Фб статус на Илија Димовски:

Разбираме, но има посилни и побогати од нас…
Разбираме, но не сме со капацитет…
Разбираме, но Македонија не може да прими бегалци…



➡️ Прво, Република Македонија во овие неколку години е држава без капацитет да ги пружа основните услуги и потреби на своите граѓаните.



Од тука, уште повеќе, не е способна да обезбеди основни услуги за други.
Македонија во овие години покажа дека не може да обезбеди и не е способна за:


– редовен образовен систем;
– справување со короната, вакцинација и здравствени капацитети;
– доволно лекови за ретките болести;
– противпожарен систем, возила и навремено гасење;
– издавање на свидетелства за завршено образование;
– издавање на лични документи, сообраќајни таблици и слично;
– вода за пиење за Тетово и неколку други помали градови;
– градски сообраќај (безбеден од пандемијата) во Скопје;
– нормален пат (без да искршиш возило) до Охрид, Прилеп или Битола;
– откуп на земјоделски производи по исплатлива цена;
– справување со урбана мафија во Скопје, Охрид, Струга,…
– заштита на Охрид во рамки на статусот на УНЕСКО;
– вработување на млади;
– собирање на ѓубре од градовите;
– обезбедување на чист и здрав воздух (увезува кокс);
– редовен железнички патнички сообраќај кон Кичево и Кочани;
и многу други примери…

➡️ Второ, во Авганистан работеа и водеа бизнис стотици и илјадници компании од другите посилни европски држави.

Би било фер да се направи анализа колки компании од Белгија, Австрија или Шпанија создаваче работа и заработка во Авганистан и според тоа да се понесе и одговорноста за овие трагични луѓе…

➡️ Трето, Македонија беше трета држава, мерено по глава на жител, со број на војници ангажирани во Авганистан. Македонија го даде својот придонес максимално и професионално.

Време е да почека другите европски држави да покажат цивилизациска вредност спрема бегалците од Авганистан.

➡️ Четврто, никој во овој момент не може да даде потврда каков пример на граѓани бегаат од Авганистан.

Дали се обични цивили (како што власта ќе сака да претстави) или се припадници на другите екстремни политички фракции и милиции како што гледаме на меѓународните телевизиски канали, прави голема разлика за Македонија.


Оваа држава е држава која не се справува ниту со обичниот уличен криминал, кражби и ситна продажба на дрога, а камоли да има капацитет да се носи со екстремни милитанти организации.



➡️ Петто, Зоран Заев како Премиер, ниту Владата со доделен (дефиниран) мандат од Собранието нема легитимитет и основа за легалитет за да одлучи сам\и за ова прашање.

Оваа држава има Собрание како основен носител на правото на одлучување делегирано од граѓаните.



➡️ Шесто, меѓународната заедница е должна спрема Македонија, не Македонија спрема неа.

После сите отстапки кои ги направи Македонија во овие 30 години, а се однесуваа и на внатрешните и на надворешните односи, за возврат не доби ни онолку колку што заслужи.
Простете, но имаме право да ви сме лути за тоа.

Advertisement

Свет

Зеленски: САД и други партнери да не вршат притисок за избори во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска нагласи дека Украина не може да поднесе притисок околу одржувањето избори во моментот и ги повика партнерите, вклучително и САД, да не инсистираат на ова прашање.

Во видео обраќање, Зеленски изјави дека водел „важна дискусија“ со пратениците во парламентот за правните и безбедносните аспекти на изборите и дека секој притисок од странство во оваа фаза не е пожелна опција. „Тоа не е лесно, но притисокот по ова прашање дефинитивно не е она што ни треба“, нагласи тој.

Зеленски посочи дека Украина е подготвена да организира избори во рок од три месеци, но само доколку се обезбеди безбедноста на гласачите, со помош на САД и другите сојузници. Тој реагираше и на коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп, кој сугерираше дека украинската влада го користи војниот конфликт како оправдување за одложување на изборите.

Иако законски изборите се забранети за време на војна, Зеленски се соочува со дополнителен притисок од странство, додека Русија продолжува со воздушни напади, а милиони Украинци се раселени и речиси еден милион војници е распоредено на фронтот.

Continue Reading

Свет

Руските сили се сè поблиску до Доњецк, но постарите Украинци не сакаат да ги напуштат своите домови

97-годишната Катерина Ломова од Добропоље, Донецка област, одбива да го напушти својот дом и покрај тоа што руските сили се приближуваат и секојдневно го гаѓаат регионот со артилерија, бомби и дронови. Нейната решителност ја симболизира судбината на многу постари жители кои се држат до своите домови, иако се изложени на голема опасност.

Екипата на спасувачи „Бел ангел“ редовно патролира низ областа, обидувајќи се да ги убедат жителите да се евакуираат. Главната патека е заштитена со мрежи против дронови, додека изгорени автомобили и уништени куќи сведочат за разурнувањата. Некои жители се подготвени да заминат, додека други, како Ломова, остануваат непоколебливи.

„Не, не – не сакам да одам сега. Можеби подоцна, но не сега“, вели Ломова, додека нејзината роднина од Шпанија се обидува да ја убеди преку видеоповик. И покрај можноста за безбеден транспорт до Краматорск и подоцна до Павлодар, таа останува во својот дом.

Според извештаите, некои семејства кои веќе биле евакуирани подоцна се вратиле во своите оштетени куќи, ризикувајќи ги животите на себе и на децата. Генадиј Јудин од „Бел ангел“ предупредува дека постарите лица често не ја сфаќаат целосно опасноста и со тоа ја загрозуваат сопствената безбедност.

Во меѓувреме, руските сили продолжуваат со засилено напредување во Донбас, додека украинските жители, како Ломова, се држат до единственото што им останало – својот дом.

Continue Reading

Свет

Украина изведе масовен удар врз Русија

Украина изврши масовен дронски напад насочен кон Москва и повеќе региони во западна Русија, јавуваат извори.

Големи групи дронови биле лансирани истовремено, а нивните траектории покажуваат удари длабоко во територијата околу руската престолнина.

Овој напад се смета за една од најобемните операции со долги дострелни беспилотни летала од почетокот на војната, насочен кон важни инфраструктурни и логистички цели.

Засега нема официјални информации за жртви или материјална штета.

Извор: @sentdefender

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг