Connect with us

Инфо +

Владата ги донесе новите правила : Во обложувалници, молови, скоро секаде ќе се влегува со сертификат

Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени најмалку две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19, сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од RT PCR SARS-CoV-2 тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија.


-За нашите граѓани кои ќе се враќаат во земјата после 1 септември, а немаат ПЦР тест, или потврди за примена вакцина или за прележан КОВИД – 19, ќе се одреди мерка карантин од 7 (седум) дена домашна изолација со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, се посочува во соопштението од денешната владина седница.


Странските државјани кои транзитираат низ земјата, како што се наведува, ќе можат да го направат тоа во рок од 5 часа со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излезот од државата

Врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, Владата, на денешната седница, ги донесе најновите мерки, протоколи и препораки за заштита на населението од ковид-19:

  • За влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи: сертификат/потврда за извршена имунизација, односно примена најмалку прва доза вакцина; сертификат/потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за полнолетни лица. 
  • Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество на секаков вид на настан на отворен простор, каде што има повеќе луѓе, како и за влез во затворениот дел од моловите.
  • Во сите угостителски објекти, кафулиња и барови, каде што капацитетот е поголем од 30 посетители задолжителнo e воспоставување редарска служба за контрола и спроведување на мерката. 
  • Во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на ковид-19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.
  • Овие мерки стапуваат на сила по нивното објавување во „Службен весник“, односно од утре.

Advertisement

Балкан

Блокадите на грчките земјоделци им ги менуваат плановите на македонските туристи за продолжениот викенд

Илјадници граѓани од Македонија кои планираа продолжен викенд во Грција се соочија со сериозни пречки поради новиот бран блокади што ги поставија грчките земјоделци на неколку стратегиски патни правци и гранични премини. Најпогоден е преминот Богородица – Евзони, кој е затворен во двата правци до понатамошно известување, што значително го отежнува патувањето токму во период кога многумина се упатуваат кон Солун за шопинг, празнична атмосфера или краток одмор.

Земјоделците протестираат поради доцнење на европските субвенции, а нивниот штрајк ги блокира главните сообраќајни коридори. Патниците изминативе денови се принудени да чекаат со часови или да бараат алтернативни рути. Иако се пропуштаат само итни случаи и камиони со кварливи производи, редовниот сообраќај е целосно парализиран.

Според информациите што ги сподели туристичкиот сервис „Никана“, патот кон Солун е прооден, но делници на автопатот кон Верија и кон Атина и понатаму се блокирани. Дополнително, најавена е блокада и кај Неа Мудања, што може да создаде проблеми за патниците кон Халкидики.

Отворени остануваат граничните премини кај Дојран и Меџитлија, а грчката полиција повремено ги пренасочува возилата на критичните точки. Патниците се предупредуваат да ја проверуваат состојбата пред тргнување, да ги избегнуваат затворените делници и да планираат дополнително време за патување, бидејќи блокадите би можеле да траат и наредните денови.

Continue Reading

Балкан

Блокада на Евзони – сообраќајот целосно запрен поради штрајкот на грчките земјоделци

Сообраќајот на граничниот премин Богородица – Евзони е целосно прекинат од 18 часот поради штрајкот на грчките земјоделци, кои поставиле блокада на грчката страна од границата.

Преминот е затворен за сите категории возила, а возачите кои се упатиле кон јужниот сосед се пренасочуваат кон други гранични премини. Од надлежните служби апелираат граѓаните да го избегнуваат овој правец додека трае блокадата, најавувајќи дека јавноста ќе биде навремено информирана за сите промени во состојбата.

Continue Reading

Свет

ТАЈНИ СНИМКИ: Дали Русија ќе остане без своите пари?

Европските лидери му ставиле до знаење на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека токму тие имаат последен збор во одлуките за замрзнатите руски средства, објави „Киев Индепендент“, повикувајќи се на транскрипт до кој имал ексклузивен пристап.

Во разговорот меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, лидерите нагласиле дека Европа сама ќе го контролира процесот околу репарацискиот заем за Украина и дека токму ЕУ е единствено одговорна за управувањето со руските имобилизирани средства.

Според истите информации, САД наводно лобирале кај европските земји да ги блокираат плановите за позајмување пари на Киев, што уште повеќе ја вжештило атмосферата во разговорот.

Транскриптот открива дека европските лидери недвосмислено му порачале на Зеленски дека одлуките околу руските средства ќе ги носи исклучиво Европа – без притисоци, без надворешно мешање и без прекинување на веќе дефинираниот план.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг