Connect with us

Македонија

„Па каков е тој Македонец кој не живеел во Македонија и не знае македонски? – 119 години од раѓањето на Методија А. ЧЕНТО

…Со седницата заседаваше Методија Андонов-Ченто, како претседател на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, а подоцна и на Президиумот на АСНОМ.

Ченто ја започна седницата со збо-ровите: „Сега градиме македонска држава и ќе ја изградиме”, а потоа постави реторичко прашање: „А како ќе се вика таа држава?” и одговори: „Разбира се – Македонија. Дали некој има подруго мислење?” Сите одобру-ваа. Потоа го постави прашањето како ќе се вика телото што раководи наместо АСНОМ меѓу неговите заседанија, а кое има надлежности на привремен парламент и влада… Имаше разни предлози, но се усвои предлогот на Владо Полежина, правник од Кичево, ова тело да се вика “Президиум”, значи „Президиум на АСНОМ”, нешто како претседателство…

Потоа на дневен ред беше прашањето кое предизвика полемика, а тоа е прашањето за проширувањето на Президиумот на АСНОМ со нови членови. Страхил Гигов, како член на ЦК на КПМ и на Главниот штаб, предложи во Президиумот да се прими Видое Смилевски, и даде кратко образложение за тоа. Ченто на тоа реагираше на следниот начин: „Кој е Видое Смилевски? Македонец ли е, знае ли македонски? Што направил за движењето?”. Страхил објаснуваше: „Да, тој е Македонец по татко, од Гостиварско, одраснал и живеел во Србија, разбира македонски но тешко се служи, учел на српски и подобро го знае српскиот јазик, учествувал во илегална работа, во Крагуевачкиот одред итн…” Ченто се сврте и ме праша мене: „Киро, го познаваш ли Видое од време на илегалата, си го сретнал ли?” Јас одговорив: „Не го познавам, иако учестрвував на речиси сите манифестации на студентите во Белград”. Ченто продолжи: „Па каков е тој Македонец кој не живеел во Македонија и не знае македонски? И ние меѓу двете Светски војни учевме на српски, но си зборувавме на македонски јазик… Од овие причини јас сум против Видое Смилевски да стане член на Президиумот, но за да не изгледа дека вршам некакво влијание врз вас, ги ставам и двата предлога, мојот и овој на Страхил Гигов, за изјаснување. Еве прво ти Михајло изјасни се.” Михајло Апос-толски рече: „Јас сум за предлогот на Ченто”. Потоа, веројатно поради авторитетот на Апостолски, сите еден по еден се изјаснија во корист на предлогот на Ченто. И јас самиот се изјаснив за тоа. Настапи штама. Гигов видно разочаран и возбуден, веднаш трчајќи се упати во соседната куќа, каде што беа другите членови на Централниот комитет и делегатот на Врховниот Штаб, Светозар Вукмановиќ-Темпо. Брзо се вратија од таму Темпо и Гигов. Темпо неосетно му се приближи отпозади на Чента и со повишен тон рече: „Ко је тај Чента да одлучује ко че бити или нече бити члан Президиума…?” А Ченто, не завртувајќи се, бидејќи го познаваше гласот на Темпо, рече: „Ти другар Темпо, дали си член на Президиумот?” Темпо одговори: „Не сум”. Тогаш Ченто продолжи: „Е штом не си, тогаш што ни се мешаш во нашата работа, и остави не да работиме”.

Ете таков беше Методија Андонов-Ченто и така се одвиваше еден од тогашните внатрешни судири во НОД и во раководството на Македонија.” – Изјава на Киро Глигоров

Методија Андонов – Ченто (17 август1902 – 24 јули1957)[1] — македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ. Често, поради неговата функција на претседател на Президиумот на АСНОМ, Ченто се именува и како прв Претседател на Македонија.

Македонија

МВР со известување до граѓаните за „Безбеден град“

Ги известуваме граѓаните дека од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци. Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на bezbedengrad@moi.gov.mk ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните.

Continue Reading

Македонија

Спречен увоз на над 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), на граничниот премин Ќафасан, спречија увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак без коска поради неисполнување на условите за увоз. Пратката со 2167 пакувања по 12 килограми замрзнато пилешко месо, по донесеното Решение за забрана за увоз од официјалните ветеринари на АХВ, вратена е во земјата извозник – Бразил.

Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Continue Reading

Македонија

Љупчо Коцевски ја поднесе оставката како јавен обвинител

Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски,само еден час пред собраниската расправа за негово разрешување денес, поднесе неотповиклива оставка. На прес-конференцијата, Коцевски порача дека функцијата ја извршувал чесно, но дека си заминува разочаран од системот.

„Заминувам со гордо крената глава, но и со горчина поради непочитувањето на основните принципи на правната држава“, изјави тој. Коцевски го обвини Собранието за „процедурален линч“, откривајќи дека поканата за седницата ја добил во последен момент, без воопшто да му биде доставен предлогот за разрешување. Според него, овој политички маневар е опасен преседан кој директно ја урива независноста на обвинителството.

Наместо да чека политичка пресуда во собраниските клупи, републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска избра достоинствено повлекување. Со поднесувањето на неотповикливата оставка, тој фрли сериозна дамка врз транспарентноста на власта, тврдејќи дека неговото разрешување е базирано на политика, а не на факти или закони.

„Немам на што да се произнесам, бидејќи предлогот за мое разрешување воопшто не ми е доставен“, истакна Коцевски, нагласувајќи го апсурдот на ситуацијата во која поканата ја добил само 60 минути пред почетокот на седницата. Неговото заминување по помалку од две години мандат отвора нови прашања за тоа колку е навистина „независно“ македонското правосудство од политичките влијанија.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг