Connect with us

Инфо +

Бегалците во хотели и мотели, а болните од ковид на улица – нема место

Published

on

Бегалците кои во Македонија доаѓаат од Авганистан ќе бидат сместени во хотели и мотели, а не во кампови и прифатни центри, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во ТВ 21.



– Не станува збор за мигранти од Авганистан, туку за лица коишто од различни причини да не ги загубат своите животи, имаат можност преку организацијата на САД и ООН, привремено во овој момент да ги прифатиме како држава.

Владата презема обврска да смести околу 450 лица, не во кампови или Прифатни центри, не во Гевгелија или Табановце, туку тие ќе бидат сместени во хотели или мотели, а престојот ќе биде платен од организацијата за којашто работеле – граѓанска организација или САД, рече меѓу другото Спасовски.



Како што е веќе објавено Македонија засега ќе прими 450 бегалци од Авганистан.

Од Инфективната клиника за ТВ24 велат дека состојбата станува алармантна и бараат да се отворат ковид центри.

Во „8. Септември“ новото одделение за ковид пациенти, веќе е исполнето, а сите што се хоспитализирани не се вакцинирани, со исклучок на едно лице кое било со полесна клиничка слика – вели за ТВ24, директорот на болницата. Костов порачува дека се уште не е во план болницата да се пренамени во ковид центар.

Во Тетово пак докторите велат дека ситуацијата во болниците е сериозна и критична. Слободни места нема и постојано се отвораат нови одделенија.

Европа

Макрон ја повика Русија да го прифати договорот за прекин на огнот

Published

on

Францускиот претседател Емануел Макрон го повика Кремљ да го прифати предложениот 30-дневен прекин на огнот, инициран од страна на САД и Украина. Макрон за оваа тема разговарал со британскиот премиер Кир Стармер и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски во своето вечерно обраќање истакнал дека со Макрон се фокусирале на дипломатските напори и техничките детали за евентуалниот прекин на огнот. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, најавил дека Украина веќе формира тим за развој на механизми за мониторинг во случај на прекин на огнот.

Continue Reading

Европа

Зеленски: Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден

Published

on

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази сочувство до семејствата и најблиските на жртвите, претседателката Гордана Сиљановска Давкова и македонскиот народ, за трагедијата во Кочани.

– Трагична вест за смртоносен пожар во Кочани… Украина тагува со нашите македонски пријатели на овој тажен ден – напиша Зеленски на социјалната мрежа Х.

Тој на повредените им посака брзо закрепнување.

Continue Reading

Свет

Кога е во прашање Путин, на Трамп му остана уште една опција

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави оваа недела дека САД би можеле да „извршат разорни потези“ на руската економија за да ја натераат Русија да постигне мировен договор со Украина.

Меѓутоа, постои граница за тоа што Трамп може да направи против Русија, велат аналитичарите за Newsweek.

Тие истакнуваат дека Путин веќе три години води војна против Украина, и покрај тешките економски санкции од Западот. И вчера јасно стави до знаење дека е подготвен за примирје само ако тоа вклучува услови кои Киев многу тешко би можел да ги прифати.

Експертите веруваат дека најдобрата опција за Трамп да изврши притисок врз Москва е нешто што можеби најмалку е подготвен да го направи, а тоа е многу посилен притисок на извозот на руска нафта и гас, кои се главни извори на приходи за Русија и помагаат во финансирање на војната во Украина.

„Ако сакате побрзо решение за конфликтот во Украина, тоа е она што треба да го нападнете, континуираната продажба на руски енергенти“, изјави Емили Килкрис, виш соработник во Центарот за нова американска безбедност, додавајќи дека тоа е единственото што останало.

Но, таа верува дека администрацијата на Трамп можеби ќе се двоуми да преземе таков комплетен пристап за енергетски санкции против Русија, бидејќи тоа би предизвикало дополнителни економски потреси во САД, кои веќе се засилени поради трговската политика на Трамп.

Аналитичарите сметаат дека новото зголемување на цените на горивата предизвикано од построги енергетски санкции против Русија може да се одрази на американските гласачи поради Трамповото ветување да ги намали тие цени.

Марко Финли, експерт за енергија на Институтот Бејкер при Универзитетот Рајс, предвидува дека САД ќе бидат многу внимателни во врска со санкциите кои би можеле да го исфрлат руското нафтено производство од пазарот.

Западот во 2022 година го постави рускиот енергетски сектор како цел на поширок пакет економски санкции, координирани од САД, Европската унија и земјите-членки на Г7. Мерките вклучуваа забрана за извоз на руска сурова нафта преку море и ограничување на цената на руската нафта до 60 долари по барел.

Санкциите имаа за цел да го ограничат профитот на Москва, без да го прекинат целосно снабдувањето на земјите зависни од Русија. Но, и тогаш, Русија најде начин да ги заобиколи санкциите и продолжи да извезува нафта преку морски патишта.

Русија продолжи да извозува природен гас во делови од Европа и го зголеми снабдувањето со Кина, Индија и други земји кои не воведоа санкции.

Според извештајот на Ројтерс, руските приходи од нафта и гас се зголемиле за 26 отсто на 108 милијарди долари минатата година, а ЕУ во 2024 година потрошила повеќе на руска нафта и гас отколку што издвоила за финансиска помош за Украина.

Сега постојат неколку чекори што САД и нивните сојузници би можеле да ги преземат: намалување на горната граница на цените на руската нафта, сузбивање на извозот преку море и воведување вторични санкции за компании и трговски партнери, како што е Кина, кои продолжуваат да купуваат руски енергенси.

Експертите за енергија сметаат дека засилените санкции врз рускиот енергетски сектор ќе го разгневат Кремљ, а тоа ќе бара координација со сојузниците, што би било комплицирано, пишува Newsweek.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк