“Кога викаа “Убијци” луѓето во толпата го мислеа тоа за режимот, НЕ ЗА ДОКТОРИТЕ”

Еве Што се случи на протестот во Неделата (нема да верувате)!
Додека сите стоевме прво пред , а потоа се упативме кон Влада, имаше неколку луѓе што збореа на микрофон и си носеа звучници со себе.

Тоа беше пуштено толку тифко што ни самите мислам неможеа да се слушнат. Пред нив стоеа неколку луѓе со телефони и ги снимаа. Тоа се 3-ца луѓе од минимум 4000 5000 што беа излезени.

Ако сте биле на протест, или на утакмица, знаете дека кога неколку од толпата викаат нешто на глас, сите почнуваат да го викаат истото. Кога викаа “Убијци” 99% од луѓето во толпата го мислеа тоа за тие што го поставуваат режимот, не за докторите. И тоа беше 3 минути од цели 3 саата во кои се извикуваа многу други реченици од кои омилени ми беа “Слобода!” и “Освести се народе!”

Но тоа не го кажаа на ТВ, не го споделија по социјалните мрежи!
Зошто? Затоа што доколку извадат 2 минутен момент од 3-ца луѓе (кои можеби и случајно дошле или намерно биле пратени) тоа ке го обои целиот протест! И следниот пат ке си кажете, ‘не излагам јас на протест, не го поддржувам мислењето дека докторите се убијци!’
Ни јас не го поддржувам тоа мислење!

Всушност, воопшто не ме интересира дали сте про вакцини или анти (доколку сакате да се вакцинирате слободно), дали сме секогаш Македонија и никогаш Северна, ме боли кур дали Филипче ќе даде отказ!

Не сум против вакцини, всушност до сега ги имам примено сите вакцини во мојот живот. Верувам во наука, и баш затоа сум против овој експериементален продукт.
Јас излегов на протест затоа што сум приморан да употребам продукт во кој што не верувам, кој што не ми треба затоа што го имам прележано вирусот!

Излагам да протестирам затоа што доколку не го ставам тој продукт во мене:
Нема да можам со моите сестри да седнам на кафе во кафиќ.
Нема да можам со моите другари да одам на пиво или во кафана.
Нема да можам со девојка ми да отидам на вечера во ресторан.
Нема да можам да гледам филм во кино.
Нема да можам да ги просетам баба ми и дедо ми и да ги почастам сладолед во кафиќ.
Нема да можам да излезам во ниту еден клуб или диско додека сум млад.
Нема да можам да отидам на концерт или на фудбалски натпревар.
Сега за сега!
Понатака може да неможам да отидам да просетам мол и да си купам облека.
Нема да можам да отидам до маркет за да си купам за јадење.
Нема да можам да присуствувам на никаков организиран настан.
Заради овие причини излагам и протестирам!

Тоа што еден човек збори на микрофон и на камера не значи ништо!
Ни за мене ниту за 99% од сите што излагаме!

ПРОТЕСТИРАМЕ ПРОТИВ УБИВАЊЕ НА СЛОБОДАТА!
А вие наместо да седите дома и дозволувате медиумите да ви го фарбаат мозокот како сакаат, со ефтини трикови како начинот на кој што го почнав овој пост, ако толку ве интересира каков бил протестот, ИЗЛЕЗЕТЕ СО НАС!

ВЕРУВАМ ДЕКА САКАТЕ ДА ЖИВЕЕТЕ ВО СЛОБОДЕН СВЕТ!
Сите што толку ве повредила изјавата на еден човек, престанете да бидете толку емоционални, не е време за тоа, и не дозволувајте да ве фаќаат на ефтини трикови!
ВРЕМЕ Е ДА ЗАСТАНЕМЕ ЗА ТОА ШТО Е ЛОГИЧНО, ТОЧНО, ВИСТИНИТО!

Доста се вртиме во круг со трикови со постојат 1000 години!
И вие самите негде длабоко во вас го знаете тоа и знаете што е вистината!
Ако ве интересира, во четврток има протест пак!

Фб статус на Дени Давчевски