Денеска е омилениот Празник на ТОШЕ ПРОЕСКИ, манастирскиот комплекс кој го краси Крушевското небо

На денешен ден се прославува преображението на Христос,, кога Господ Се појави во сета Негова слава пред апостолите Петар, Јаков и Јован кратко време пред неговото страдање во Ерусалим.

ispolneta-ushte-edna-zhelba-na-toshe-157761

Важноста на овој настан за човечкиот род е одлично искажана во зборовите што апостол Петар ги кажува во некакво изумување, а кои сведочат за значењето на непосредниот однос на човекот со Бога. Тие зборови се: Господи, добро ни е овде. Во црквата смислата и значењето на празникот секогаш најдобро се искажуваат во тропарот на денот, кој за овој празник гласи: Си се преобразил на гората Христе Боже, покажувајќи им ја својата слава (божественоста) на твоите ученици, колку што можеа да примат; и нам грешните да ни заблеска твојата вечна светлина, т.е. светлината на вистинското знаење, богопознание.

Манастирскиот комплекс Св. Преображение – Крушево

На пространите јужни падини на Бушева планина, обдарени со природни убавини, се наоѓа манастирскиот комплекс Св. Преображение. Лоциран е на надморска височина од 1662 метри на ридот Голоманица, околу 8 км северозападно од градот. Манастирот вандалски е разрушен во почетокот на 19 век, а возобновувањето е започнато во 1986 година, а при подготовките на теренот се пронајдени темели од еднокорабна и една трикорабна базилика. Од таму може да се види целото Прилепско поле.

Граѓаните на Крушево сеуште го градат манастирскиот комплекс со многу љубов и восхитувачки ентузијазам, а голема улога во неговата обнова игра трагично загинатиот Тоше Проески кој донира многу средства за негово возобновување.

По заминувањето на Тоше од овој свет, овој храм е утеха за неговото семејство. Најблиските секојдневно доаѓаат да го посетат и да помогнат во работата. Иако по несреќата со секој вграден камен ја вградуваат и својата тага, тој за нив е светост и аманет што го остави синот. Денес манастирот со својот раскош му пркоси на крушевското небо.