Connect with us

Инфо +

Попладнево масовни пpoтecти пpoтив Ковид мерките пред Влада

Published

on

Нови мacовни пpoтести против ковид пропусницата и новите ковид мерки кои ги усвои Владата на Република Македонија се најавени за денеска.



Протестот ќе се одржи во 19 часот пред Владата на Република Македонија и овој пат нема да има марш туку директно ќе се протестира пред Владата.



За влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на сертификат/потврда за извршена вакцинација, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест КОВИД – 19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.



Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.


Во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители/гости/лица, задолжителнo e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката. Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на КОВИД – 19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.

Овие мерки стапуваат на сила од денес 18 август 2021 година.

Македонија

На патарините ќе се зголеми бројот на ленти со тагови, на кои ќе се користат трансакциските сметки на возачите

Published

on

Наместо само една лента со таг на патарините, да има три до четири. Ова се идните планови на Јавното претпријатие за државни патишта со цел да нема застој на патарините и протокот на возила да биде побрз, најави денеска од Штип директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Тој истакна дека се прави напор проектот во висина од 12 милиони евра кој бил во застој да продолжи, со што на патарините ќе има повеќе тагови на кои ќе се наплаќа со трансакциска картичка, која нема да мора да се надополнува на одредени места.

– Воедно разговараме и сме во комуникација со соседните држави за начинот на плаќање на патарините, да се промени и во нашата државата. Ако сега имаме една лента со тагови од вкупно пет се трудиме да има три до четири со тагови, а само една да остане без тагови. Притоа наплаќањето да биде со трансакциски картички, оние кои секојдневно ги користиме врзано тагот со него, и да не мора да се надополнува – вели Трајановски.

Разговорите се во тек и соседните држави, и како што посочи Трајановски, движењето ќе биде многу полесно и побрзо. Она што веќе се практикува во странство да почне да се применува и во државата е заложбата на ова јавно претпријатие.

Continue Reading

Балкан

Почина една од тројцата повредени во падот на натстрешницата во Нови Сад

Published

on

Сега црниот биланс е 15 загинати во несреќата, меѓу нив и македонскиот државјанин Васко Саздовски

Еден од тројцата пациенти, кои беа тешко повредени при уривање на натстрешницата на железничката станица во Нови Сад, почина денеска попладне. Информацијата ја потврди директорката на Клиничкиот центар на Војводина, Весна Туркулов.

 „Станува збор за пациентка со најтешки повреди. И покрај борбата и напорите на лекарите, дојде до смртен исход“, 

изјави Туркулов.

Продолжуваат напорите за спасување на животите на преостанатите двајца пациенти кои се сместени во Клиничкиот центар од 1 ноември, кога врз дваесетина луѓе се урна натстрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад.

Сега црниот биланс е 15 загинати во несреќата, меѓу нив и македонскиот државјанин Васко Саздовски. Сè уште се утврдуваат причините за падот.

Денешните протести во Нови Сад

Во Србија денеска се одржаа нови протести на кои се бараше одговорност од надлежните. Досега оставка даде само министерот за градежништво Горан Весиќ.

Continue Reading

Европа

Трагична авионска несреќа, најмалку три лица загинаа – летот бил роденденски подарок

Published

on

Началникот на одделот за општ криминал на секторот за криминалистичка полиција на полициската управа на Собош во Словенија, Роберт Роуди, вечерва изјави дека најмалку три лица загинале, а неколку се повредени кога мал авион се урнал нешто пред 12 часот во околината. од селото Ганчани на северо-источниот дел на Словенија.

„Сè уште не можеме да зборуваме за нивниот идентитет“, рече Роуди.

Според него, истрагата е во тек, во која учествуваат воздухопловниот инспектор и специјалист по судска медицина, а полицијата продолжува да собира информации за околностите на несреќата.

„Според првите извештаи, утврдено е дека мал авион полетал од аеродромот во Марибор и дека се урнал во областа Ганчана непосредно пред пладне“, изјави Роуди.

Според полицијата, авионот полетал од Марибор околу 11.20 часот, а наводно изгубил контакт со контролата на летање нешто пред 12.00 часот.

Порталот 24UR наведува дека летот бил наменет како роденденски подарок за едно од лицата во авионот, а за летот биле пријавени два млади парови.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк