Д-р Караџовски: Зошто ни се случува ова? Поради лошите мерки, групирања, свадби…

Д-р Жарко Караџовски за „Алсат“ изјави дека причината за овој бран се лошите мерки и уште полошото спроведување на истите.

Тој вели дека пациент со делта сој може да зарази седум други лица, а воедно ја критикуваше и власта дека не ги послушале нивните препораки да не се дозволат свадби во затворен простор во текот на летото.

Затоа, апелира до населението да биде посериозно и поодговорно кога е во прашање вакцинацијата.

„Ако тогаш имавме десетици случаи, денес имаме околу 1.200 случаи, така што ситуацијата е неизвесна со тенденција да се влошува.

Зошто ни се случува ова? Целосното непочитување на мерките во некои делови на земјата, големата организација на свадби и други забави каде што не се носеа маски, немаше дистанца ниту средства за дезинфекција и најлошото од сето – масовно групирање луѓе на мал простор.

Ако ми кажете стотици, би рекол дека имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека болеста постои“, изјави Караџовски за „Алсат“.

Тој потсетува дека секој бран носи со себе и голем број хоспитализации и повторно оптоварување на здравствениот систем.