Во обид да објасни дека смртноста од Ковид-19 во Македонија е висока поради начинот на живот на Македонците лекарот и градоначалник на Штип Сашко Николов вели дека граѓаните се под стрес и дава спорна оценка дека над 70 % од нив пушат цигари.
„Треба да ги иритира граѓаните зошто не ја одржуваме околуната чиста, зошто не го селектираме отпадот во домовите, меѓутоа тоа се прави во високо развиените земји, за жал ние сеуште не сме виосоко развиена земја, како и таква држава квлитетот на животот, исхраната, стресот. Кај нас можеме да видиме дека 60 до 70% од популацијата се конзуматори на цигари, што не е карактеристично за високо развиените земји.
Кога целото тоа ќе го ставиме во еден пакет ќе видиме деказ здравјето и третманите кои што ги правиме во нашите болници се за ниво повисоки. Во нашата држава поминавме многу транзиции, војни и економски кризи, генерално ние можеме да кажеме дека од 91 – ва па навака ние живее во економски криза и тоа е еден континуиран стрес кои што нашите граѓани треба да станат наутро да мислат како ќе заработат, како ќе обезбедат живот за децата сето тоа влијае на стресниот живот“, вели Николов за емисијата Стадион на Канал 77.
Според истражувањето на тинк-тенк организацијата „Аналитика“ и Универзитетот во Чикаго бројот на пушачи во Македонија е далеку помал од бројката што ја дава Николов.
„Дојдовме до сознание дека сме најлоши во регионот и во Европа зашто сме лидер по потрошувачка на цигари. Стапката на учество на пушачите во вкупната популација е 48,4 отсто или половина од населението пуши”, се вели во истражување објавено пред 8 месеци.

