Грицко од мали нозе помагаше на луѓе а сега е ред ние да му помогнеме нему

До пред 5 години животот на Небојша Додевски “Грицко” му беше исполнет со радост и љубов. Работеше со деца скоро 15 години исто така правел храна бесплатна од самиот себе 20 години за секој кој имаше потреба.



Сето ова му недостасува но поради неговите здраствени причини повеќе Грицко не е во можност да помага.5 години бубрезите веќе не му работат мора да оди на дијализа 3 пати неделно.



Трансплантација неможе поради тоа што има хепатит и проблеми со панкреасот. За повторно да може да функционира нормално неопходни му се финансиски средства за нормален живот. Државата го помага со само 50 евра месечно што не му се доволни за неопходните животни потреби а камоли за лекарства итн.Благодарни сме на секој што сака и што може да помогне. Сите оние кои не се во можност да донираат, ве замолуваме да го шернете постот на вашите социјални мрежи

Може да донирате на следниот линк

https://m.facebook.com/nt/screen/?params=%7B%22fundraiser_campaign_id%22%3A3392950977598676%7D&path=%2Ffundraiser%2F&_rdr

Кога здравствените власти немаат слух за ваквите случаи кои се оставени сами на себе, време е да се сплотиме и сите заедно со заеднички сили да се обидеме да му помогнеме на овој хуман човек. Време е да му се помогне на Грицко.

Небојша Додевски

200003059366897
Стопанска Банка