Connect with us

Инфо +

Вучиќ доручкуваше на хауба: Пола леб, мoртадела, мајонез и домат

Published

on

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, министерот Томислав Момировиќ и директорот на „Патишта на Србија“, Зоран Дробњак, утрово појадуваа на хауба на автомобил.

На менито имало половина килограм леб за секого, потоа мајонез, мортадела и домат. Главниот „готвач“ беше Вучиќ, кој сечеше домати и правеше сендвичи.

„Најдобар појадок. Половина килограм леб за секого, мајонез, мортадела и домат. Подготвен за обиколка на нови градилишта во Источна Србија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Македонија

Дурловски со последен поздрав до Игор Југ: Херојот што не се покори

Published

on

“Замина еден чесен човек, патриот кој ја носеше вистината како товар, но и како знаме.

Најди си мир Игоре таму каде што неправдата нема моќ.”

Со голема тага се простуваме од Игор Југ, човек кој остана доследен на своите идеали до самиот крај. Неговата решителност, храброст и љубов кон татковината ќе останат врежани во сеќавањето на оние што го познаваа и почитуваа.

Нека почива во мир.

Continue Reading

Македонија

Општина Тетово: Наставата прекината поради дојави за бомби

Published

on

Општина Тетово, во соработка со СВР Тетово и надлежните институции, внимателно ја следи ситуацијата со дојавите за бомби во средните и основните училишта во градот.

Со целосен приоритет на безбедноста на учениците и наставниот кадар, донесена е одлука за привремен прекин на наставниот процес во сите образовни институции, сè додека надлежните органи не потврдат целосен мир и сигурност.

Ги повикуваме граѓаните, родителите и учениците на смиреност и воздржаност, бидејќи безбедносните институции активно работат на расчистување на ситуацијата и заштита на јавниот ред.

За сите дополнителни информации, јавноста ќе биде информирана навремено од надлежните органи.

Continue Reading

Македонија

Ѓорѓиевски: Партнерски однос со централната власт за посилни општини

Published

on

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орге Ѓорѓиевски, оствари работна средба со министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, во рамките на 24-та седница на Управниот одбор на ЗЕЛС.

Средбата беше во согласност со Меморандумот за разбирање помеѓу ЗЕЛС и Владата, со цел редовно усогласување на финансиските политики за локалната самоуправа.

„Наш приоритет е да обезбедиме поголема финансиска стабилност на општините, зголемување на блок и наменските дотации, како и подобрување на распределбата на средства за надлежностите што ги презедовме од централната власт. Ова е во согласност со Европската повелба за локална самоуправа и ние инсистираме на нејзино почитување“, истакна Ѓорѓиевски.

Посебен фокус беше ставен на распределбата на средствата од Унгарскиот кредит, за што Ѓорѓиевски се заблагодари на Владата и премиерот Христијан Мицкоски. Исто така, беше отворено прашањето за зголемување на приходите на општините од споделените даноци, со барање персоналниот данок да се зголеми од 6% на најмалку 30%, а делот од ДДВ од 6% на 10%.

Во разговорите беше потенцирана и потребата од зголемени дотации за пожарникарството, образованието и детската заштита, бидејќи анализите покажуваат дека општините трошат повеќе средства од своите буџети отколку што добиваат преку постојните дотации.

Министерката Димитриеска-Кочоска изрази подготвеност за соработка и изнаоѓање заеднички решенија за сите предизвици со кои се соочуваат локалните самоуправи.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк