Connect with us

Инфо +

И на лекарите им е преку глава: Ќе излеземе на улица и нема да лекуваме!

Published

on

Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари-АСМЛ преку својот Фејсбук профил го оcyди говорот на омpаза на пpoтестите против новите мерки и имyнизацијата.

„Најocтро го ocyдуваме говорот на омpaза кон докторите и сите здравствени работници кои и со живот го платија леkyвањето на пациеHтите б0лни од оваа бoлеcт.

Ја повикуваме Лекарската Комора да си ја врши својата работа и да ги заштити сите наши колеги, а Министерство за здравство да ги заштити сите вработени.

Доколку било кој наш колега биде на паднат или вознемиpeн од толпата која пpoтестира ќе пpeкинеме да лекyваме и ние ќе излеземе на улица“, стои во објавата.

Да потсетиме, демонстpантите на пpoтестот пред Собранието против вakцинацијата и новите мерки, докторите ги карактеризираа како yбијци, а пак, новинарите за нив се платeници.

За нив, вакцините се експериментална инjekција. Повикаа на организација на платформа, односно да се формира здружение кое ќе покрене cyдски постапки, а да се продолжи и со пpотести.

„Каде се докторите?“, праша присутна по што другите извикуваа: „Тие не се доктори, yбијци, yбијци. Уа!“.

Македонија

Мерки за проточен сообраќај на Попова Шапка: СВР Тетово и Агенцијата за државни патишта со заеднички план

Published

on

СВР Тетово и Агенцијата за државни патишта одржаа работен состанок за создавање услови за проточен сообраќај во текот на зимската сезона на Попова Шапка

Во текот на минатата недела полициски службеници од СВР Тетово одржаа работен состанок со претставници од Агенцијата за државни патишта и од Одделот за сообраќајни работи при општина Тетово, со цел утврдување на решение за одржување проточен сообраќај во текот на зимската сезона на Попова Шапка, посебно за време на викендите.
На состанокот беше договорено да се засилат контролите на возилата и доколку не поседуваат зимска опрема и зимски гуми, да не им се дозволува да продолжуваат кон Попова Шапка, како и да се даде препорака да се користи јавниот превоз на патници, кој за време на викендите ќе има редовна линија со распоред Тетово-Попова Шапка и обратно.
СВР Тетово апелира до граѓаните кои патуваат кон овој зимски рекреативен центар да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги паркираат нивните возила на несоодветни места односно да не го попречуваат нормалниот тек на сообраќајот.

Continue Reading

Македонија

ТЕТОВО: Библиотеката „Кочо Рацин“ ги награди најдобрите читатели за 2024 година

Published

on

Библиотеката „Кочо Рацин“ успешно ја заокружи годината со реализацијата на проектот „Избор на најдобри читатели – рекордери“, кој со годините прерасна во прекрасна традиција. Денес, најдобрите читатели од сите генерации добија признанија за својата љубов кон книгите, прославувајќи го значењето на пишаниот збор.

Проектот е поддржан од Министерството за култура и има за цел да ја зајакне врската меѓу библиотеката и читателите, инспирирајќи ги да ја продолжат својата читачка авантура.

Continue Reading

Скопје

Скопјанка тешко повредена на „Партизанска“

Published

on

Во петокот (27.12.2024 година) во 17:05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата меѓу булеварот „Партизански одреди“ со улицата „Никола Парапунов“  во Скопје, патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од 40-годишниот Б.Н.  од Кавадарци, удрило во пешакот 56-годишната И.М. од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила И.М., а констатирани во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

За настанот бил известен јавен обвинител. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк