Connect with us

Инфо +

Просечната плата рапидно расте но зголемување имаат само вработените во неколку сектори

Published

on

Расте просечната плата, но не и стандардот на граѓаните. Просекот го билдаат топ 5 те професии, каде има над 10% пораст – тоа се програмерите, чии примања надминуваат 72 илјади денари.

Следни се вработените во воздухопловство, со речиси 65 илјади , во финансиските услуги и телекомуникации со над 45 илјади денари плата.

Во останатите дејности – зголемување е минимално. Ги прашавме граѓаните – кога последнен пат имале зголемување на платата.

Државаната статистика објави зголемување на просечната плата во јули за 7% во однос на истиот месец лани и истата достигна 28.744 денари.

Според СДСМ, ова е показател дека политиките на владејачката партија даваат резултати кои ги чувствуваат граѓаните.

Македонија

Приведен 31-годишник за агресивен однос кон лица од Шумска полиција

Published

on

Триесет и едногодишен маж од Криволак синоќа бил лишен од слобода поради агресивен однос кон лица од Шумска полиција, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

– Синоќа во 22 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода 31-годишниот Р.Д. од неготинското село Криволак. Околу 21:30 часот во атар на неготинското село Пепелиште, вработени во Шумска полиција – Неготино затекнале три лица како во патничко возило „мазда“ со неготински регистарски ознаки, товарат исечени дрва. Набргу, на местото пристигнал Р.Д. со уште три лица, кој се однесувал агресивно кон вработените во Шумска полиција и ги спречувал при извршување на службените задачи, појаснуваат од СВР – Велес.

Како што додаваат, дрвата и возилото биле одземени, а Р.Д. бил задржан во полициска станица. По документирање на настанот, како што истакнуваат од СВР – Велес, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Continue Reading

Скопје

Ѓорѓиевски: Во континуитет вложуваме во подобро образование!

Published

on

Градоначалникот на Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, денеска промовираше неколку проекти за реконструкција на централното и подрачното училиште „Круме Кепески“.

Се работи за промена на под, нови училници, тоалети за децата со попреченост итн. Како што изјави, ова не е прва инвестиција во ова училиште туку за време на неговиот тригодишен мандат, ова училиште доживеало целосна преродба.

-Денес, повторно промовираме неколку проекти во основното училиште „Круме Кепески“, централното и подрачното. Имено, се работи за изведување на градежни активности за реконтрукција на влезот на подрачното училиште, каде што целосно се обновени скалите кои претходно беа речиси уништени, а поставена е и нова настрешница. Како новитет, во подрачното училиште изграден е тоалет за дечињата со попреченост, со што уште еднаш ја потврдуваме нашата заложба за еднаквост и инклузија на територијата на целата општина. Инвестициите продолжија и во централното училиште „Круме Кепески”, каде што целосно опремивме две училиници за целодневна настава со клупи, столчиња и инвертар, како и дополнително уште две нови училници. Поставен е и нов под, кој со години не беше променет. Ова не е прво вложување во ова училиште. Претходно, во централното училиште изградивме нов фудбалски терен со квалитетна вештачка трева и детско игралиште со нова урбана опрема, сензорна соба која значително го унапреди образовниот процес на дечињата со попреченост, смарт табли за подрачното училиште, ги опремивме сите училници и кабинети со смарт уреди во централното, нови кабинети по информатика, уште еден спортски центар во подрачното училиште итн. Тука не застануваме, продолжуваме да ја градиме иднината на младите таква каква што ја заслужуваат, изјави Ѓорѓиевски.

Continue Reading

Македонија

Зголемен бројот на деца со респираторни и цревни инфекции

Published

on

Зголемен е бројот на пациенти заболени од сезонски вируси, пациенти со проблеми во дишењето, но и со цревни инфекции.

– Во овој дел на годината доминираат тие сезонски вируси кои се сѐ почести и тоа е речиси секоја година. Во овој дел од годината имаме зголемен број пациенти со респираторна симптоматологија и цревни инфекции кои се третираат на нашата клиника и ја добиваат потребната нега. Секако дека работиме со полн капацитет, се обидуваме да направиме максимална тријажа и тие потешки пациенти да ги задржиме на болничко лекување – вели директорот на Детската клиника д-р Реџеп Мемети.

И Институтот за јавно здравје во својот извештај за периодот од 30 декември 2024 до 5 јануари годинава посочува дека е зголемен бројот на заболени од грип. Од вкупно 331 заболени, 101 се деца на возраст од 5 до 14 години и 42 деца на возраст од 0 до 4 години.

Вчера беше регистран првиот случај на заболен пациент со метапневмовирусот во Грција, па алармот и кај нас беше подигнат, иако како што посочуваат лекарите тоа е стар вирус, присутен  во земјава од 2001 година и не треба да се очекува да биде нов Ковид-19.

Доктор Злате Мемедовиќ од Комисијата за заразни болести, вели дека нема простор за паника ниту кај нас, ниту каде било. Вирусот е стар и вообичаено циркулира во зимските месеци.

Со смирувачки тонови и директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, посочува дека вирусот е присутен но дека по однос на истиот не треба да се крева паника бидејќи истиот бил присутен и претходната сезона, односно дека истиот вирус не е нов туку веќе постоечки. Апелира на смиреност и без потреба од било какви паники. Вакцина за овој вирус не постои, а смртноста е исклучително ниска, многу пониска од таа на грипот. Симптомите се како кај грипот – секреција, кашлање, кивање, телесна температура, болки во зглобови. Метапневмовирусот најчесто се пренесува преку близок контакт.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк