Connect with us

Инфо +

Путин дециден: Не сакам во Русија Талибанци маскирани во бегалци

Балкан

Аеродромот Сараево без раководство: Судски мерки и истечени мандати го парализираа управувањето

Меѓународниот Аеродром Сараево од утрово се соочува со целосен управувачки застој, откако Врховниот суд на Федерацијата БиХ му забрани на в.д. директорот Санин Рамезиќ да ја извршува функцијата, а на извршните директори им истекоа мандатите на полноќ, пренесува Истрага.

Ситуацијата дополнително се усложни бидејќи тројца од петте членови на Надзорниот одбор добија забрана за вршење должност, што значи дека ова тело нема кворум и не може да свика седница ниту да назначи ново в.д. раководство.

Вчера, по предлог на специјалниот истражен тим ПОСКОК, Судот изрече забрани за Рамезиќ и членовите на Надзорниот одбор Бенјамин Мешак, Аднан Махмутовиќ и Жан Матиќ. Истовремено, Владата на ФБиХ донесе одлука со која даде претходна согласност за продолжување на мандатите на Рамезиќ и извршните директори Амадео Мандиќ и Слободан Кадијевиќ.

Но, забраната за Рамезиќ веднаш ја блокираше можноста тој повторно да биде именуван, а без кворум, Надзорниот одбор не може ниту формално да донесе одлука за продолжување на мандатите.

Според истрагата на ПОСКОК, постои основано сомнение дека Рамезиќ и тројца членови на Надзорниот одбор ја злоупотребиле службената положба за да извршат измени во Статутот на претпријатието со цел да му овоможат на Рамезиќ да стане постојан директор.

Комбинацијата од судски мерки, административни забрани и истечени мандати го оставија Аеродромот Сараево без легитимно раководство, со неизвесност како и кога ќе биде надмината институционалната блокада.

Continue Reading

Свет

АЛАРМ ВО УКРАИНА: Запорожје БЕЗ НАПОЈУВАЊЕ, од Чернобил се шири РАДИЈАЦИЈА – дронови и ракети погодија критична инфраструктура

Украина се соочува со најтешката енергетска криза од почетокот на војната. Масирани руски напади ноќеска го оштетија електроенергетскиот систем, а нуклеарната електрана Запорожје накратко остана целосно без надворешно напојување – сценарио што меѓународните експерти одамна го означија како „најопасното можно“.

Премиерката Јулија Свириденко потврди дека во регионот Запорожје се оштетени повеќе енергетски објекти, а најмалку десет населби останале без струја. Веднаш бил одржан итен состанок со енергетските служби, а активирани се генератори за да се обезбеди водоснабдување и основна инфраструктура.

Запорожската нуклеарка неколку часа функционирала на резервни дизел генератори, откако системите за заштита ги исклучиле двата далековода што ја снабдуваат централата. Прекинот сѐ уште се истражува, но експертите предупредуваат дека повторувањето на вакви сценарија го зголемува ризикот од нуклеарен инцидент.

Свириденко предупреди на нови, чести и непредвидливи рестрикции низ целата земја поради обемните дефекти.

Зеленски: Русија го гаѓаше сѐ што има врска со струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека цел на нападите биле токму енергетските објекти. Според него, употребени се над 650 дронови и 51 ракета, меѓу кои и аеробалистички и балистички проектили. Погодени биле Киев, Дњепропетровск, Чернихив, Запорожје, Одеса, Лавов, Волин и Николаев. Во Фастив е оштетена главната железничка станица.

„Нападот беше бесмислен од воена гледна точка, но со огромни последици за цивилите,“ порача Зеленски, барајќи силна меѓународна реакција и нов пакет санкции.

МААЕ: Чернобилскиот штит НЕ ГО СТОПИРА РАДИЈАЦИСКОТО ЗРАЧЕЊЕ

Меѓународната агенција за атомска енергија објави предупредување – челичниот саркофаг над реакторот број 4 во Чернобил, изграден за да ја блокира радијацијата, повеќе не ја извршува својата клучна функција.

Инспекцијата потврди дека ударот со дрон во февруари, за кој Украина ја обвинува Русија, ја оштетил структурата до степен што итните поправки не се доволни. Потребна е целосна реконструкција, а ситуацијата се оценува како „потенцијално опасна за регионот“.

Според извештајот на ОН, дронот носел високоексплозивна боева глава, предизвикал пожар и ја оштетил заштитната обвивка на нуклеарната постројка.

Украина влегува во зима со сериозно оштетена енергетска мрежа, ризични нуклеарни постројки и најмасовни напади во последните месеци.

Continue Reading

Балкан

Полицијата запре „порше“ што се движело со 233 километри на час

За време на акцијата за засилена сообраќајна контрола, српската полиција пресретна 26-годишен возач М.В., кој управувал „порше“ со 233,2 километри на час на автопатот Белград – Нови Сад, во близина на Сурчин. На овој дел од патот максимално дозволената брзина изнесува 130 километри на час.

Министерството за внатрешни работи информира дека возачот е веднаш исклучен од сообраќај и против него е поднесена прекршочна пријава за насилно возење.

Од МВР додаваат дека во изминатите четири дена, откако започна акцијата, сообраќајната полиција контролирала околу 40.000 возила и открила повеќе од 22.500 прекршоци, од кои 33 се класифицирани како насилно возење. Акцијата ќе продолжи до недела, 7 декември.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг