Анџелина Џоли отвори профил на Инстаграм и објави потресна порака, еве што напиша… (ФОТО)

Познатата американска актерка Анџелина Џоли отвори профил на социјалната мрежа Инстаграм со цел да привлече внимание кон ситуацијата во Авганистан, а во првата објава, таа сподели писмо што и го напишала девојка од Авганистан.

Актерката, која претходно немаше профил на социјалните мрежи, рече дека на Инстаграм ќе сподели „приказни за луѓе кои се борат за основните човекови права“.

Џоли, која е и амбасадорка на добра волја за Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), во својот прв пост напиша дека споделила писмо напишано од девојка од Авганистан.

Девојчето во писмото вели дека сонувала пред да дојдат Талибанците да оди на училиште, но дека сега се плаши за својата безбедност и не излегува од дома. Таа напиша дека не верува дека Талибанците се промениле, како што велат, и дека верува дека Авганистанците повторно ја загубиле слободата.

Џоли изрази жалење поради фактот што Авганистанците повторно се раселени поради стравот и неизвесноста околу нивната земја.

– Речиси е невозможно да се разбере трошење толку многу време и пари, пролевање крв и загубени животи само за да се постигне ова, напиша Џоли. Таа додаде дека „болно е со децении да се види како авганистанските бегалци, кои се најспособните луѓе во светот, се третираат како товар.