Connect with us

Инфо +

БОМБА НА МАКЕДОНСКА ДОКТОРКА: Од 10 заболени вчера ревакцинирани со 2 дози се 8

Published

on

Ете го и доктор Полард се јави, водач на тимот за истражување на вакцини на Оксфорд.
Вели: Вакцините не можат да создадат имунитет на стадо, освен поединечни овци.


Тоа е така зашто вакцинираните пак оболуваат од ковид во се поголем број. Едноставно вакцината не работи. Фушерај. И никако не смее да се организира првенство на вакцинално пикадо, кога секој ќе се боцка по три пет или седум пати. Секој понеделник, па три пати на ден….
Докторот вели ќе создадете само зависници од вакцината.
Но, на две илјади километри од Оксфорд, во еден ќенеф од држава, има еден тип со банда платеници на производителите на вакцини, со армија матични лекари кои ги поткупува, а кои тврдат дека природниот имунитет е полош од вакциналниот и повикуваат на вакцинирање по секое одење по мала нужда.
Притоа кријат податоци и лажат за бројот на заболени од ковид кои примиле ревакцина и починати од нив.
Лажат бе лажат.
Вчера една наша чесна матична лекарка пиша: Од 10 пациенти од ковид, осум ми се ревакцинирани.
Па добро бе, ај хер Хитлерче што лаже лаже. Зошто му верувате? Гледате дека будали прават од вас.
Стотици добри лекари ви кажуваат, не Сашо Тасевски, лекари бе лекари ви кажуваат аргументирано дека вакцината е смртоносна. Дека создава ненеутрализирачки антитела кои го вртат телото против себе. Дека тие не можат да му се фатат на вирусот ко што треба за да го спречат.


Сте запнале од антиваксерите да правите лудаци и да ги дискриминирате.
Сите вие. Што мислите дека сте многу паметни ако кажете: Науката е семоќна, вакцината од ковид е цивилизациска придобивка. Кој не се вакцинира е примитивен.


А бе грам мозок немате во тоа лејките.
Не сте вие чипирани од вакцината. Вие сте воспитани да бидете послушни робови и да кокодакате пред секој авторитет кој ќе ви се закани или уцени.
Со вас е деструктивно да се живее на исто место. Може треба да се поделиме вака трајно, физички. Да не го дишеме истиот воздух со вас.
Труете цел народ и му продавате приказна дека го лечите.
Срам ве било.

Свет

Макрон ја предупреди Европа: “Мора веднаш да се подготвиме”

Published

on

Францускиот претседател Емануел Макрон денес се обрати на јавноста пред утрешниот самит на Европската унија во Брисел.

„Влегуваме во нова ера, руската закана е реална“, порача Макрон, додавајќи дека ако една земја може да го нападне својот сосед во Европа без последици, никој повеќе не може да се чувствува сигурно. Тој ја истакна реалната закана од Русија, која влијае на европските земји и која веќе ги прекршила претходните ветувања и гаранции.

Макрон потврди дека Русија се обидува да се вооружи и да ги зголеми трошоците за одбрана, нагласувајќи дека претседателот Путин ги крши европските граници со цел да ги убие противниците и да манипулира со изборите.

Претседателот на Франција исто така нагласи дека Европа мора да биде подготвена за иднината, бидејќи, како што рече, „САД повеќе нема да бидат со нас“, па треба да се подготвиме за такво сценарио.

Макрон ја повтори својата подготвеност да испрати француски војници во Украина како мировна мисија, доколку се постигне прекин на огнот. Тој ги изрази своите надежи дека САД ќе продолжат да бидат со Европа, но исто така нагласи дека треба да бидеме подготвени и ако не бидат.

Претседателот на Франција потсети дека земјата располага со нуклеарно оружје, ако тоа биде потребно, и нагласи дека Франција треба да продолжи со инвестирање во одбраната. Во таа насока, Макрон најави нови инвестиции во одбранбениот сектор, без да даде конкретни детали за нивната насока.

Макрон се осврна и на изјавата на Фридрих Мерц, кој минатиот месец повика на разговори со Франција и Велика Британија за можноста за проширување на нивниот нуклеарен штит на Германија. Макрон ја потврди важноста на стратешките дискусии за обезбедување заштита на европските сојузници, додавајќи дека во крајна линија, одлуките ќе бидат во рацете на францускиот претседател и воените команданти.

Continue Reading

Европа

Зеленски и САД повторно во дијалог: Договор на повидок?

Published

on

Украинските и американските тимови започнаа подготовки за претстојниот состанок, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, веќе одржал разговор со американскиот советник за национална безбедност, Мајк Валц, а првите резултати се очекуваат следната недела.

Ова е првиот контакт по минатонеделниот прекин на дијалогот меѓу Киев и Вашингтон, откако пропадна обидот за договор за експлоатација на украинските минерали, што требаше да води кон примирје со Русија. Иако Зеленски ја напушти Белата куќа без договор, подоцна испрати писмо до американскиот претседател во кое нагласи дека Украина е подготвена за брзи мировни преговори.

Најновите сигнали наидоа на реакција од Кремљ – портпаролот Дмитриј Песков оцени дека ова е „позитивен чекор“, но нагласи дека сè уште постојат правни и политички пречки. Белорускиот претседател Лукашенко пак, изрази подготвеност Минск да биде домаќин на трилатерална средба меѓу САД, Украина и Русија.

Во исто време, францускиот претседател Емануел Макрон размислува за заедничка посета на Вашингтон со Зеленски и британскиот премиер Кир Стармер, а неговата влада порача дека „се поставуваат основите за дијалог за траен мир“.

Во говор пред Конгресот, претседателот Доналд Трамп потврди дека Зеленски му напишал писмо во кое изразил подготвеност за брзи мировни преговори со Русија, како и прифаќање на договорот за критичните минерали со САД како дел од потенцијалниот компромис.

Во меѓувреме, Макрон телефонски разговараше и со Трамп и со Зеленски, нагласувајќи ја „решителноста на Франција да работи со сите страни за постигнување на цврст и траен мир во Украина“.

Continue Reading

Свет

Француски сенатор: Со Америка владеат луд император и дрогиран дворски шут

Published

on

Францускиот сенатор Клод Малхурет денеска одржа остар говор во францускиот Сенат, во кој ја критикуваше актуелната состојба на американската политика и нејзиното влијание врз глобалните настани, особено војната во Украина.

Малхурет ја спореди администрацијата на Вашингтон со дворот на римскиот император Нерон, го нарече Доналд Трамп „луд император“ и го опиша Илон Маск како „дворски лудак на кетамин“.

„Бевме во војна со диктатор, а сега сме во војна со диктатор кој е поддржан од предавник“, истакна Малхурет, додавајќи дека верува дека одлуките на Трамп всушност ги ставиле САД на страната на Русија под водство на Путин, што го комплицира конфликтот во Украина.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк