Можеле да спасат уште 50 луѓе, а тие НАСТЕГАЛЕ ЛИМУЗИНА во авионот за евакуација

Необичен детал е забележан на видео објавено од Sky.news. Додека илјадници луѓе чекаат за спасувачки лет од Кабул додека рокот за евакуација што го поставија талибанците истекува, некој натоварил автомобил во авионот за евакуација.

Американците и нивните сојузници се обидуваат да евакуираат илјадници Авганистанци откако Талибанците ја презедоа земјата. Крајниот рок за евакуација е 31 август, а Талибанците се закануваат дека нема да го продолжат рокот и останатите Американци ќе ги сметаат како окупатори.

Во целиот тој хаос, на социјалните мрежи се прошири слика која сите ги вчудоневиди. Имено, сликата всушност е дел од снимката објавена од Sky.news.

Во средината на авионот со бегалци од Авганистан, за место за кое луѓето буквално се борат, кинат и газат има лимузина?!

Ок, не ги разбираме логистичките и оперативните работи околу евакуацијата од областите погодени од војната, но тешко е да не се забележи дека наместо овој автомобил, уште 20, 30, ако не и 50 луѓе лесно ќе се вклопат во авионот.