Д-р Лазаров: Нема ни здравствен ни образовен систем, нема услови за учебна година со физичко присуство

Новата учебна година од септември ќе се одвива со физичко присуство на децата, но според матичниот лекар Ненад Лазаров, ваквата одлука е погрешна.

„Согласно моменталните услови, да започне училишна година со физичко присуство немаме апсолутно ниту здравствен ниту капацитет на образовниот систем.

Само ќе се разболат многу деца додека се ревидира одлуката, недозволиво. Систематски прегледи не сме способни да направиме да течат на децата, а не друго нешто“, напиша Лазаров на Фејсбук.