Connect with us

Инфо +

Попишувачите нема да седат и пијат кафе: За да се попише едно лице ќе бидат потребни пет минути

Published

on

Обемната статистичка операција треба да започне на 5 септември и да трае до крајот на месецот. Се очекува со пописот да се види точната бројка на граѓани.

После две декади ќе дознаеме и каков е составот на населението по возраст, образование, миграциски, ќе имаме информации и за економските карактеристики, државјанство, вера, мајчин јазик, но и кои се главните извори на приход на граѓаните, во какви станови и куќи живеат.

– Граѓаните пред се, треба да се идентификуваат со документ на кој ќе биде впишан матичниот број, (лична карта, пасош, возачка дозвола инт.), а потоа да одговорат на прашањата на попишувачот. Ништо повеќе од тоа.

Наша работа е по завршувањето на пописот, да ги провериме информаците (идентитетот на лицето, дали дало лажно информации) со базите на податоци .

Ако семејството соработува, попишувачот нема да се задржи повеќе од 15 до 20 минути, односно за да се попише едно лице, ќе бидат потребни само пет минути. Нема седење и пиење на кафе, поради ковид протоколите, вели Симовски.

Македонија

Росица Кулакова: Коренот на сите проблеми доаѓа од судскиот систем, ако судијката му го продолжела притворот на Васил мојата сестра ќе беше жива

Published

on

Денеска во Неготино започна маршот „Стоп за сообраќајното насилство“. Истиот беше предводен од другарките на 22 годишната Фросина Кулакова од Неготино која на 29 јануари го загуби животот откако беше прегазена на пешачки премин на булеварот „Партизански Одреди од 20 годишниот Васил Јованов.

На протестот се обрати и сестрата на Фросина, Росица Кулакова која им се заблагодари на граѓаните за нивното присуство во голем број и за поддршката.

-Коренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем бидејќи тој има неприкосновена обврска да покаже и да докаже дека злоделата мора да бидат соодветно казнети. Бидејќи законодавецот предвидел многу поголеми казни од оние кои судот во пракса ги досудува. Дури тогаш секој од нас ќе знае и ќе размислува за последиците пред постапките. По историјата на девијатното односување на Васил, по тоа што не почитувал никаков авторитет а и самиот суд во пресудата заклучува дека изјавите му се манипулативни и има направено повеќе прекршоци претходно, него го прави исклучително опасен за нашето општество. Васил станува една темпирана бомба. Поради сето ова, доколку судијката му го продолжила притворот до правосилноста на одлуката, а по вчерашната одлука на Апелација тој само бил спроведен во затвор, мојата сестра Фросина денеска ќе беше жива. Затоа бараме одговорност и од судијката Даниела Алексовска Стојановска и од сите кои вмешале прсти во убиството на сестра ми. Правда за Фросина, рече Росица Кулакова.

Граѓаните се упатија кон гробот на Фросина, а нејзиниот татко Тодор Кулаков, се заблагодари на поддршката и порача дека борбата за правда ќе биде долга, но ќе се изборат.

На протестот, барајќи правда, дојдоа и блиски на претходно загинатите Михаела Стеваноска, Слободан Ангеловски, Ивица Цековски, Мите Танов и други, посакувајќи ова низ што минуваат, никому да не му се случи. Но, побараа и ревизија на сите сомнителни судски случаи.

Continue Reading

Балкан

Инцидент со автомобилот на Вучиќ: Eдно тркало излета

Published

on

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска бил во автомобил кога му пукнала губа или паднало тркалото додека патувал за Мокрин, каде што бил во посета на локалните жители.

Тој во моментот на инцидентот бил во службено возило.

На видеото кое е објавено на страницата 192 на Инстаграм, се гледа како автомобил вози на средината на пат, почнува да лебди, а следниот момент паѓа задното лево тркало. Автомобилот потоа застанува, обезбедувањето излегува за да види што се случило.

Станува збор за блиндиран автомобил специјално дизајниран за превоз на службеници, па засега не е јасно како дошло до овој инцидент.

Придружбата на претседателот брзо реагираше и беше спречена голема несреќа, а нема повредени. Истрагата ќе утврди што всушност се случило.

Continue Reading

Македонија

Сообраќајка во Тетово – се преврте автомобил

Published

on

Попладнево во Тетово се случила сообраќајна несреќа.

Засега нема информации за повредени лица, а на терен е полиција која врши увид.

Извор: 24info.mk

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк