Connect with us

Балкан

Последен поздрав за Легендата од ,,Тесна кожа” ШОЈИЌ ?(Видео)

Published

on

На 75 години почина српскиот актер Милан Лане Гутовиќ, познат како Шојиќ, по улогата во филмот „Тесна кожа“. Информацијата за медиумите ја потврди неговиот син.

Според информациите, актерот почина во Военомедицинската академија во Белград.

Гутовиќ пред две недели беше примен во болницата, каде беше на интензивна нега, а подоцна приклучен и на кислородна поддршка. Сите тестови покажуваа дека актерот е негативен, но имал промени на белите дробови па докторите претпоставуваат дека се последица на претходно прележан ковид.

Српскиот актер ќе биде погребан в сабота.

А во прилог една компилација која ќе остане во вечноста од неговите глумечки способности, а го смееше цел Балкан ?

https://youtu.be/fcFKRWzMQV4

Балкан

Инцидент во Егејско Море: Турски брод пукал кон грчка гранична стража

Published

on

Турски рибарски брод, управуван од криумчари на луѓе, утрово отворил оган врз брод на грчката крајбрежна стража кај островот Лезбос, објави грчката телевизија Скај.

Инцидентот се случил околу 8 часот во грчките територијални води. Грчките граничари се обиделе да извршат проверка на рибарскиот брод, но неговиот екипаж отворил оган со тешко оружје. Грчкиот брод возвратил, по што пловилото се повлекло во турски територијални води.

Според грчките власти, на бродот имало четворица криумчари кои претходно симнале 25 мигранти на брегот на Лезбос. Пограничниот брод го следел рибарскиот брод до турската граница и ја известил турската страна, по што тие ги сопреле сторителите.

На грчкиот брод се забележани оштетувања од стрелбата, но не се пријавени повредени

Continue Reading

Балкан

Тлото се тресеше во Бугарија – граѓаните вознемирени

Published

on

zemjotres

Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Бугарија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот, чиј епицентар бил на 45 километри југоисточно од Софија, се случил на длабочина од 12 километри, соопшти ЕМСЦ.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.

Continue Reading

Балкан

Курти: Заедничките гранични точки се повеќе од гранична инфраструктура, тоа се точки на соработка и уште поголемо поврзување на Македонија и Косово

Published

on

Создавањето заеднички гранични пунктови Елез Хан-Блаце и Јажинце-Глобочица е повеќе од гранична инфраструктура, тоа се нови точки за услужување и соработка, кои уште повеќе ги поврзуваат Македонија и Косово и натаму го зајакнуваат добрососедството“ – изјави премиерот на Косово Албин Курти на денешното предавање во употреба на едношалтерскиот систем на граничниот премин Елез Хан-Блаце. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.

Порталот натаму пишува: Курти истакна: „Отсега граѓаните ќе бидат проверувани само на влезот во земјата домаќин, а податоците ќе се разменуваат во реално време преку заеднички технолошки систем. Само во 2024 година повеќе од 5 милиони граѓани ги поминале трите гранични точки меѓу Македонија и Косово. Оваа бројка е потврда за поврзаноста меѓу нашите луѓе, но и за потребата за слободно и брзо движење и на граѓаните и на стоката. Не радува тоа што отсега нашите полицајци ќе работат рамо до рамо на исти простори.“

Тој изрази очекување дека оваа иницијатива ќе биде придружена со доизградба на автопатот Скопје-Блаце и тунелот на оската Тетово-Призрен.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк