Connect with us

Инфо +

ФИЛИПЧЕ ОТКРИВА Еве кога би имале нови рестриктивни мерки за заштита од ковид-19

Болниците во Тетово, во Гостивар, во Струга и во Кичево се уште се преполни со пациенти со Ковид-19. Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави се уште трае координацијата со директорите на овие болници со цел на секој пациент на којшто му е потребна хоспитализација со транспорт да се донесе во Скопје, каде што се уште има места во болницата во Козле, каде што ротира тима на лекари специјалисти инфектолози и пулмолози.

-Спремни се други дополнителни капацитети, меѓутоа, засега освен оваа болница во ниту една друга нема да се прави ковид центар како што беше тоа во претходниот бран, изјави Филипче.

Според него, оххрабруваат новите бројки на дијагностицирани во смисла на тоа дека опаѓаат, но премногу е рано да се каже дека ова е некаков тренд.

-Затоа будно ја следиме ситуацијата и ги следиме сите параметри, рече Филипче, повторно повикувајќи на масовна вакцинација.

Неодговорно е да го тестираме човечкиот имунинтет на ризична болест во услови кога имаме веќе докажано ефикасна вакцина за истата. Не смееме да дозволиме да дочекаме нови бранови и соеви, невакцинирани, порача министерот за здравство Венко Филипче.

Тој на својата Фејсбук страница истакна дека одложувањето на вакцинацијата против Ковид-19 е само одложување на проблемот.

– Вакцините се тие со кои ќе ја победиме пандемијата, не прележувањето на вирусот. Неодговорно е да го тестираме човечкиот имунитет на ризична болест во услови кога имаме веќе докажано ефикасна вакцина за истата. Не смееме да дозволиме да дочекаме нови бранови и соеви, невакцинирани. Тоа ќе значи нов притисок врз здравствениот систем, бидејќи во моментов 90 отсто од сите хоспитализирани пациенти се невакцинирани, стои во објавата.

Министерот виоедно појаснува дека вакцинацијата еден месец по прележувањето е целосно безбедна по здравјето на граѓаните.

– Човештвото во минатото ги победило сите пандемии благодарение на масовна вакцинација. Во редовниот вакцинален календар даваме повеќе вакцини за деца и возрасни со кои се искоренети низа болести. Тие сите се даваат во редовниот термин и план за вакцинација. Вакцинацијата еден месец по прележувањето е целосно безбедна по задравјето на граѓаните, граѓаните треба да бидат спокојни во однос на ова, истакнува Филипче.

Уверува дека предложените мерки се ефикасни во однос на двете цели, а тоа како што вели се брза вакцинација и спречување на ширење на вирусот.

– Барам поддршка да се избориме заедно за што поголема имунизација, вели тој.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека не се исклучува да се донесат и нови рестриктивни мерки за да се намали бројот на заразени од коронавирус.

Сепак, според него тоа ќе зависи од состојбата, а во моментов без разлика со кој сој се заразени лицата, мерките за сите се исти, а вакцинацијата е ефективна за сите соеви.

– За време на овој бран огромен број од починатите, да не речам сите се со хронични болести на кардиоваскуларниот систем и белите дробови – истакна министерот.

Филипче информираше дека наскоро ќе бидат споделени и анализите за тоа колку лица досега двапати се заразиле со вирусот, колку од нив се вакцинирани со две дози, анализа направена од Институтот за јавно здравје.

Advertisement

Балкан

Земјоделците во Грција го блокираат Солун

На 12 декември, земјоделци и сточари од северна Грција ги блокираа влезовите во пристаништето во Солун и централните улици на градот, протестирајќи за подобра економска положба и поголема помош од државата и Европската Унија (ЕУ).

Според атинската телевизија Скај, демонстрантите користеа трактори украсени со ковчези како симбол на тешката состојба во земјоделството. Во Солун пристигнаа групи земјоделци од различни региони, донесени со автомобили и изнајмени автобуси, а нивниот протест го поддржуваат студенти и синдикати.

Од 30 ноември, грчките земјоделци организираат протести ширум земјата, блокирајќи патишта кон Атина, Солун и Лариса, како и гранични премини со Северна Македонија, Бугарија и Турција, како и пристаништето на Лезбос. Пред неколку дена, тие ги блокираа и аеродромите на островот Крит, предизвикувајќи судири со полицијата.

Главниот повод за протестите е доцнењето на исплатата на 600 милиони евра субвенции од ЕУ и други ветени бенефиции. Земјоделците бараат и поголемо учество на своите претставници во процесите кои ги засегаат.

Европското јавно обвинителство (ЕЈО) годинава откри индикации за проневера на средства од ЕУ со помош на државни службеници, по што грчките власти започнаа истрага. Парламентот ја испитува работата на владината агенција која управува со околу 2,5 милијарди евра годишно.

Грчката влада најави дека првата рата од субвенциите е помала од ланската и дека над 40.000 барања на земјоделци се под истрага, но сепак вети исплата од 3,7 милијарди евра за оваа година.

Continue Reading

Балкан

Голем пожар во индустриска зона во Хрварска – Издадено предупредување за граѓаните

Голем пожар избувна синоќа, на 12 декември околу 23 часот, во објект на компанијата CIAK во местото Губашево, во близина на градот Забок во Хрватска. Компанијата се занимава со складирање и третман на опасен отпад, а поради сериозноста на инцидентот беше активиран и системот за итно предупредување на граѓаните.

Во гаснењето на пожарот учествуваа повеќе противпожарни единици, а во еден момент на терен биле ангажирани над 60 пожарникари. CIAK во оваа индустриска зона располага со хали и погон за рециклирање акумулатори, што дополнително ја зголеми загриженоста поради можните последици по животната средина.

Претседателот на Противпожарната заедница, Стјепан Скулибер, за хрватските медиуми изјави дека пожарот бил локализиран околу 2:30 часот по полноќ. Иако не бил целосно изгаснат, тој нагласи дека огнот е ставен под контрола и дека на терен останале седум пожарникари со три возила, додека догасувањето ќе продолжи и во текот на денот.

Поради потенцијалната опасност од загадување, околу 3:30 часот по полноќ жителите на Загорје добија итно предупредување преку системот HR112 ALERT. Во пораката беше наведено граѓаните да ги затворат прозорците и да не се приближуваат до местото на пожарот, а известувањето беше испратено на хрватски, како и на англиски и германски јазик.

Откако пожарот беше ставен под контрола, надлежните служби го насочија вниманието кон мерење на квалитетот на воздухот во поширокото подрачје. Експерти од Наставниот завод за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ извршија мерења на локацијата, како и во Забок, Орославје и Велико Трговиште.

Резултатите од анализите се очекуваат во текот на денот и ќе бидат официјално соопштени од градоначалничката на Забок, Валентина Ѓурек. Таа изјави дека дел од кровната конструкција на објектот е урната, но дека засега нема прецизни информации за вкупната материјална штета.

Continue Reading

Свет

Дипломатски скандал: Пакистанскиот премиер по 40 минути чекање му упадна на состанок на Путин

Премиерот на Пакистан, Шехбаз Шариф, наиде на дипломатска непријатност за време на меѓународен настан во Ашхабат, откако повеќе од 40 минути чекал на средба со рускиот претседател Владимир Путин.

Според медиумските извештаи, Шариф по подолгото чекање одлучил неочекувано да влезе во просторијата каде што Путин веќе одржувал состанок со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. По околу пет минути престој, пакистанскиот премиер ја напуштил просторијата.

Настанот привлече големо внимание на социјалните мрежи, откако се појави видео на кое се гледа моментот кога Шариф „упаѓа“ на средбата меѓу рускиот и турскиот претседател во Конгресниот центар во главниот град на Туркменистан.

Руската државна агенција РИА Новости објави дека Путин и Ердоган продолжиле со разговорите во приватна атмосфера, откако делегациите на двете земји ја напуштиле просторијата. Подоцна, пакистанскиот премиер се приклучил на состанокот, со очекување разговорот со Путин да продолжи во друга просторија.

Според истите извештаи, Шариф заедно со својата делегација, меѓу кои и министерот за надворешни работи Ишак Дар, чекал повеќе од 40 минути, пред да одлучи да го прекине состанокот што се одвивал паралелно во друг дел од Конгресниот центар.

Средбата се случила кратко по завршувањето на државната посета на Владимир Путин на Индија, која руските власти ја оценија како многу успешна и во чии рамки биле дополнително зајаснати и зајакнати односите меѓу Москва и Њу Делхи.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг