Connect with us

Инфо +

Избори се ближат: Августовската пензија ќе се исплаќа од вторник

Published

on

Августовските пензии ќе бидат на располагање преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 31 август, соопшти Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

За лицата кои не користат картички, пензиите ќе бидат исплатени етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од КОВИД-19. Исплатата на шалтерите во банките ќе се врши во четири групи.

-За пензии со висина до 11 000 денари, исплатата ќе се врши на 31.8.2021г. (вторник)

За пензии со висина 11 001-14 000 ден, исплатата ќе биде на 1.09.2021г. (среда)

-За пензии со висина 14 001-18 000 ден, исплатата ќе биде на 2.09.2021г. (четврток)

-За пензии со висина над 18 001 ден, исплатата ќе биде на 3.09.2021г. (петок)

Свет

Северна Кореја се закани со неодредена одмазда поради прелетот на американските бомбардери

Published

on

Северна Кореја во вторникот се закани со неодредена одмазда откако Соединетите Држави прелетаа бомбардери Б-1Б над Јужна Кореја за време на заедничката воена вежба со јужнокорејските сили.

Јужнокорејското Министерство за одбрана соопшти дека вежбата има за цел да ги демонстрира заедничките способности за одвраќање во светлината на унапредувањето на нуклеарната програма на Северна Кореја, пренесе АП.

САД и Јужна Кореја редовно спроведуваат заеднички воени маневри кои ги опишуваат како одбранбени, додека Пјонгјанг овие активности ги смета за „подготовки за инвазија“.

„Неодамнешната воена акција на Соединетите Американски Држави и Република Кореја е отворена закана за безбедноста на нашата земја и сериозна провокација што ги подига воените тензии во регионот на исклучително опасно ниво“, изјави неименуван портпарол на севернокорејското Министерство за одбрана, пренесуваат државните медиуми.

Северна Кореја соопшти дека ќе ги „одврати американските агресивни обиди“ со силни средства и дека тоа ќе и наштети на сопствената безбедност на Америка, пренесува Танјуг.

Continue Reading

Свет

Нов страшен руски напад врз Харков – едно лице загина, над 60 се повредени

Published

on

Нов руски напад врз Харков – едно загинато лице и над 60 повредени

Во најновиот руски напад врз вториот по големина украински град, Харков, утрово животот го загуби едно лице, а најмалку 60 други се повредени, информира Државната служба за вонредни состојби на Украина.

Градоначалникот на Харков, Ихор Терехов, соопшти дека нападот предизвикал голема материјална штета – оштетени се најмалку 20 станбени згради и 30 приватни куќи. Според првичните информации, нападот бил извршен со балистички ракети, опремени со касетна муниција – оружје што остава долгорочни последици за цивилното население.

Ова е веќе трет масовен напад врз цивилна инфраструктура во Украина од почетокот на годинава. Претходно, слични напади со многу жртви беа извршени врз градовите Суми и Криви Рих.

Ситуацијата останува напната, а украинските власти постојано апелираат до меѓународната заедница за дополнителна помош во заштита на цивилното население од ваквите напади.

Continue Reading

Балкан

Грчката министерка за култура: “Не постои влашки јазик”

Published

on

Изјавата на грчката министерка за култура Лина Мендони дека „не постои влашки јазик“ предизвика силни реакции во научната јавност и меѓу влашките здруженија во регионот. Настапувајќи во Парламентот, Мендони се повика на ставот на Панхеленската федерација на влашки културни здруженија, тврдејќи дека т.н. „влашки“ се само „локални дијалекти без стандардизирана форма“ и дека не може да се третираат како посебен јазик.

Оваа изјава доаѓа откако Министерството го повлече веќе одобрениот грант за проект на Епистемолошката асоцијација за проучување на културата на Власите, и покрај тоа што тој бил високо оценет од стручната комисија. Одлуката, според претседателот на здружението, професорот Василис Нициакос, била резултат на политички притисок и вмешаност на грчките тајни служби – тврдење кое министерката не го демантираше.

„Со жалење слушнав како министерката го отфрла постоењето на еден јазик кој е дел од нашето културно и лингвистичко наследство,“ изјави Нициакос. „Ако се работи за дијалекти – на кој јазик? На грчкиот не се. Значи, станува збор за друг, засебен јазик – влашкиот.“

Во својата реакција, тој остро ја критикува подреденоста на науката на политичките интереси, обвинувајќи ја Мендони дека наместо да ги слуша научниците, се повикува на ставови на здруженија што се занимаваат исклучиво со фолклор. „Ниту еден сериозен лингвист не би го негирал постоењето на влашкиот јазик како романски јазик со вековна традиција на Балканот. Одбивањето да се поддржи истражувањето за него е политичка, а не научна одлука.“

Влашкиот јазик, познат и како аромански, се зборува низ целите Балкани, вклучувајќи ја и Северна Македонија, каде е признат како малцински јазик. Неговото негирање во Грција се гледа како дел од поширока политика на асимилација и маргинализација на немнозинските идентитети.

Од Епистемолошката асоцијација најавуваат правни и дипломатски чекори, вклучително и обраќање до европските институции. „Ова не е само културна борба, туку борба за јазична и историска вистина,“ порача Нициакос.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк