Connect with us

Инфо +

Заев: Скопје се гради со усул, не е веќе како порано

Published

on

Скопје сега е поинаква приказна зашто застана мегаломанството. Ветивме дека Скопје ќе продолжи да се гради, но дека ќе се откажеме од мегаломанските проекти. Сега Скопје се гради со усул и во периферијата и во централниот дел во сите градски општини рамноправно затоа што не смееме и не треба да го застанеме развојот на градот, порача денеска премиерот Зоран Заев.

Посочи дека и во најцентралните скопски општини – Карпош, Центар и Аеродром не може да се каже дека има мегаломанство, навала и напад на урбанизација. Тоа, како што кажа, е спречено не само со волјата на градоначалниците и советниците, туку и со закон.

Законот веќе ги лимитира и висините и габаритите на објектите кои се градат. Уставното право на сопственост е неприкосновено во демократијата и кај нас, но сега ставивме ред во растот и развојот на Скопје, рече Заев во одговор на новинарско прашање при денешното означување на почетокот на градба на мостот „Љубљанска“ во Скопје.

Измените на законите за урбанистичко планирање, додаде, се прават согласно укажувањата. Донесен е нов Закон за урбанистичко планирање каде согласно укажувањата се сменети параметрите, а тоа е паркинг во самата парцела и минимум 20 отсто зелена површина во самата парцела.

Нагласи дека се уште се градат објекти за кои се издадени одобренија за градба во 2013 и во 2015 година, како во Град Скопје, така и во Охрид, кои, како што кажа, се проблем и за УНЕСКО.

Таквите права може само преку суд да се оспорат заради одредени законски решенија кои се донесени после издавањето на овие одобренија за градба заради што добиваат на суд. …Денеска се откажани сите проекти кои беа замислени со 30, 50 и 60 ката, максимален габарит и блоковска поставеност. Веќе никаде во државата нема блок на згради кој го спречува флукуирањето на воздухот. Просторниот план и Законот за просторно и урбанистичко планирање го лимитира мегаломанството, рече Заев и додаде дека дури и кај локациите кои беа најмногу оспорувани има повеќе од 50 отсто предвидено зеленило на парцелата.

Порача дека сите проекти за чија реализација Владата прави алокација на средства од централниот буџет се најголемото олеснување за општините и Градот за да можат сопствените средства, што биле наменети за проектите што ги финансира државата, да ги пренаменат за уште повеќе зеленило, спортски и детски игралишта, тротоари, пешачки и велосипедски патеки,…

Македонија

ФИЛИПЧЕ: Дел од поранешните функционери на СДСМ ја поткопуваат партијата одвнатре

Published

on

Претседателот на СДСМ вели дека најголем дел од неговата енергија и време посветил на разговори со сите поранешни функционери. Мнозинството од нив ја прифатиле иницијативата за соработка, но некои одлучиле да стојат настрана, па дури и да се надеваат на лош резултат на СДСМ на локалните избори, вели Венко Филипче во интервју за „Независен“ кое целосно ќе биде објавено утре.

„Во изминатиот период најголем дел од мојата енергија и време ги посветив на лични разговори со сите поранешни партиски функционери, членови и луѓе кои некогаш беа важен дел од СДСМ. Јас верувам дека партијата е најсилна кога сите сме обединети и работиме заедно за заедничка цел. Токму затоа немам задршка да разговарам со сите и да најдам начин за соработка – не заради мене, туку заради доброто на СДСМ и граѓаните кои ја поддржуваат нашата визија.

На сите им е подадена рака и отворена е вратата за дијалог и соработка. Драго ми е што мнозинството од поранешните функционери ја прифатија оваа иницијатива и сега работиме заедно на зајакнување на партијата. Имам исклучително добра соработка со многумина.

За жал, има мал број поранешни функционери кои одлучиле да стојат настрана. Некои од нив се надеваат дека СДСМ ќе оствари лош резултат на локалните избори, па тие ќе можат политички да профитираат или да бараат одговорност од актуелното раководство. Овој пристап е нечесен, нефер и пред сè штетен – не за мене или раководството, туку за партијата и сите граѓани кои ја поддржуваат СДСМ“, вели Филипче во интервјуто за „Независен“.

Тој вели дека оние кои решиле да не помогнат во најтешките моменти и да стојат настрана заради свои лични калкулации, прават голема грешка. „Одговорноста за евентуалните последици нема да падне на оние кои работат и се борат за успехот на СДСМ, туку токму на оние кои одлучиле да ја поткопуваат партијата од внатре“, нагласува Филипче.

Тој вели дека само преку единство во партијата СДСМ може да се врати на врвот. „Сите кои искрено сакаат да придонесат се добредојдени, а времето ќе покаже кој бил посветен на интересите на партијата, а кој на своите лични амбиции“.

Continue Reading

Македонија

ВО ТРИ ГРАДОВИ Е АЛАРМАНТНО: Каде е најзагадено?

Published

on

Многу високо загаден воздух вечерва има во Куманово, Битола и Кавадарци, но и во делови од Скопје. 

Високо е загаден воздухот во Тетово, Гостивар, Велес и Кичево. Koчани и Струмица се средно загадени.  Во другите општини е за нијанса подобро. На листата на air visual, Скопје вечерва не е во првите 10 најзагадени. 

Continue Reading

Македонија

Ќе се намали бројот на пероните на автобуската станица во Штип поради изградба на маркет

Published

on

На дел од автобуската станица во Штип ќе се гради маркет „Лидл“. Како што објасни градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, автобуската станица што е во непосредна близина на градскиот стадион нема да биде дислоцирана, туку само ќе се намали бројот на перони поради изградбата на маркетот. Така, наместо 10, автобуската станица ќе има пет перони.

– Автобуската станица, која е во приватна сопственост и во последните години бележи намалена фреквенција на автобуски сообраќај, договорено е да го намали бројот на перони од десет на пет, а на останатото место да се гради маркетот – вели Јорданов.

Општината веќе почна да го уредува постојниот паркинг-простор пред aвтобуската станица и очекува компанијата инвеститор да ги собере сите неопходни документи од надлежните министерства, врз основа на кои Општина Штип ќе може да го издаде решението за градба на маркетот на површина од 5.000 квадратни метри.

– Ако евентуално инвеститорот се премисли за оваа локација, тогаш Општината ќе го уреди раскопаниот простор пред aвтобуската станица во паркиралиште – дециден е Јорданов.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк