Мајка монструм: Го дрогирала синчето, па му го фрлила телото во река❗

Една Бразилка е обвинета дека постојано го принудувала својот син да пишува погрдни фрази за самиот себе по што го идрогирала и го убила.

Бразилската полиција верува дека Јасмин Ваз дос Сантос Родригез (26) го натерала нејзиниот син да напише „Јас сум идиот“ и „Не ја заслужувам мајката што ја имам“ пред да го издрогира и да го фрли телото во реката.

Јас сум лош, јас сум суров, јас сум зол. Јас сум срање. Не знам како да ценам никого. Јас сум ужасен син – гласи извадок од дневникот на Мигел дос Сантос Родригез, што беше пронајден во куќата на неговата мајка.

Полицијата верува дека мајката го принудила својот син да ги пишува овие погрдни фрази одново и одново. Родригез беше уапсена во Имбе, Бразил, на 30 јули, откако призна дека го убила Мигел.

Жената чекала два дена за да го пријави исчезнувањето на нејзиниот син, а кога конечно отишла во полициска станица, раскажала дека го труела Мигел со антидепресиви, а потоа го ставила неговото тело во торба и го фрлила во реката Трамандаи.

По нејзиното признание, властите извршија претрес во семејниот дом и најдоа синџир што мајката го користела за да го врзува Мигел.

За злосторството е осомничен и нејзиниот партнер, Бруно Натиели Порто да Роса (23), кој се наоѓа зад решетки. Таа му се заканила на момчето на видеото што го видела полицијата.

Шефот на полицијата, Антонио Карлос Рац изјави дека момчето било жртва на „интензивно“ занемарување и тортура.

Она што е веќе јасно и она што ќе го потврдиме во текот на истрагата е дека детето живеело под интензивна физичка и ментална тортура. Тој беше неухранет. Иако бил запишан на училиште, немал пријатели и не одел никаде. Тој беше затворен во соба во куќата, казнет, ​​затворен и врзан во плакар – вели Карлос Рац.

Телото на Мигел се уште не е пронајдено, а од водата се извлечени само пар чевли.

Осомничената е обвинета за тешко убиство.