Connect with us

Инфо +

Момче од Скопје очајно го бара своето куче: Кој ќе ми го донесе, му давам 500 евра во кеш! (ВИДЕО)

Published

on

Изгубен е 15 годишен кремаст лабрадор во Ново Лисиче кој се повикува на името Паз, објави на социјалните мрежи неговиот сопственик Дејан Анастасов, кој моли за помош да се пронајде кучето и за тоа нуди и парична награда.

– Можеби е залутан надвор од коцката на Ново Лисиле, не знае да внимава на коли. Жолт лабрадоr, 15 години стар, кремаст. Слаб, се осеќа дека е стар, изгубен на територија на Ново Лисиче, Аеродром, Лисиче. Кој ќе ми го донесе 500 евра во кеш, загарантирани 500 евра во кеш, 30 илјади денари или „розевка“, вели Дејан низ солзи во снименото видео.





Доколку имате информација поврзана со изгубеното куче може да се јавите на телефонскиот број 077 578 573

Македонија

Исчезнат 88-годишен тетовчанец: Полицијата трага по него

Published

on

На 02.01.2025 во 09.10 часот  Б.Д.(68) од Тетово, пријавила дека на 28.12.2024 година во 09.00 часот од дома се оддалечила нејзиниот сопруг С.Д.(88) од Тетово. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Continue Reading

Македонија

Итната помош ќе работи нон – стоп за Божиќните празници, домашната посета од 7 до 21 часот

Published

on

Итната помош ќе работи нон – стоп за Божиќните празници, единицата за домашна посета од седум до 21 часот, потврдија денеска од Јавната здравствена установа „Здравствен дом“ Скопје, за МИА.

– Известуваме дека Службата за ИМП со домашно лекување и итна стоматолошка помош при ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје“ Скопје, во текот на Божиќните празници на шести и седми јануари, ќе работи со следново работно време. Службата за ИМП ќе работи 24 часа, а единицата за домашна посета ќе работи од 07 до 21 часот, информираа од оваа јавна здравствена установа.

Оттаму додадоа дека ординациите за здравствена заштита во трета смена, недели и празници, ќе работат континуирано во двата дена и тоа во поликлиниките „Ѓорче Петров“, „Бит Пазар“, „Чаир“, „Шуто Оризари“, „Јане Сандански“, „Ченто“ и „Драчево“.

Continue Reading

Инфо +

Охриѓани останаа без најдобриот доктор: Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески започнува со работа во Болница Плодност

Published

on

Доц. д-р Сци-Мед Никола Бакрачески, еден од најреномираните и најискусни кардиолози во регионот започнува со работа во Болница Плодност

Како пионер и визионер во областа на кардиологијата, д-р Бакрачески носи со себе експертиза, иновативни пристапи и долгогодишно искуство, кои сега ќе бидат достапни за пациентите во Болница Плодност.

Искуство и достигнувања
▪️ 28 години искуство во кардиологијата со едукација во водечки центри во Европа и Америка.
▪️ Основач на регионалниот центар за интервентна кардиологија во Охрид и првата систематски организирана мрежа за лекување на акутен миокарден инфаркт.
▪️ Преку 10.000 успешно изведени стентирања и коронарографии на срцеви, вратни и артерии на нозе.
▪️ Пионер на ендоваскуларните процедури на вени во Македонија и сертифициран меѓународен инструктор.

Центар за ендоваскуларен третман на проширени вени – единствен во Македонија.
Во склоп на Болница Плодност, овој центар ќе нуди најсовремени методи за третман на венски заболувања, прв од ваков вид во земјата.
Под водство на д-р Бакрачески, пациентите ќе имаат пристап до најнови технологии и ефикасни процедури за лекување на венски проблеми.

Ендоваскуларни процедури:
▪️ Радиофреквентна аблација на проширени вени
▪️ Затворање со медицински адхезивен лепак (цианоакрилат)
▪️ Склеротерапија со етоксисклерол
▪️ Електрокоагулација на капиларни сплетови

Кардиолошки процедури:
▪️ ЕКГ и ехокардиографија (трансторакална и трансезофагеална)
▪️ Тестови на оптоварување (стрес тестови)
▪️ Холтер мониторинг (за хипертензија и ЕКГ)
▪️ Доплер на периферни артерии и вени

Прегледи и консултации ќе се изведуваат секој понеделник и четврток, а наскоро и секој ден.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк