Connect with us

Инфо +

(Фото) Пocлeдниoт амepикaнcки вojник кoj гo нaпyшти Kaбyл

Published

on

САД и официјално ја заврши евакуацијата од аеродромот во Кабул и после две децении целосно се повлече од Авганистан. Повеќе од 122 илјади лица го напуштија Кабул од 14-ти август, ден пред земјата да падне во рацете на Талибанците.

„Ова заминување беше доста болно. Не успеавме да ги извлечеме сите кои сакавме“ изјави генералот Френк МекКензи.

„Мислам дека да останевме уште 10 дена, немаше да имаме време да ги извлечеме сите“ вели американскиот дипломат во Авганистан Рос Вилсон, кој бил на последниот авион евакуиран од Кабул.

Последниот американски војник кој го напушти Авганистан е генералот Крис Донаху. Во војничка униформа, со оружје во десната рака, командантот на 82 -та американска воздухопловна дивизија се приклучи на своите колеги во последниот авион, пренесува Гардијан.

„Добро завршена работа, се гордеам со сите вас“ била последната порака на Донаху на своите војници.

Инфо +

Дрин Ахмети со внуците низ Зајас си ПУКАШЕ ПЕТАРДИ!

Published

on

Дрин Ахмети минатата година беше фатен со цел багажник со петарди, заради што се најде во центарот на вниманието на јавноста и една вечер преседе во полициска станица.Јавноста со право се прашуваше што ќе му се 750 петарди. Во интервјуто за „Република“ тој тогаш објасни дека преку неговата фирма имал дозвола за увоз, а дека дел биле за рудникот за минирање а дел за на внуците во Зајас да им приреди огномет за Нова Година.

– Ги користиме за рударските активности за кои сме лиценцирани. Второ, тие огномети беа купени преку фактура, легално, а беа купени затоа што кога си одев дома на новогодишната ноќ, сите мои внуци и внуки беа таму, и сакаа шоу со огномет, како што мислам дека сака и секое дете во Македонија. Не за тие да ги детонираат, туку да го гледаат шоуто. И ние ангажиравме компанија да го направи тоа. Огнометот беше платен преку фактура, фирмата беше од Гостивар, требаше да дојдат утредента да го активираат, и јас мислев дека се е ок, дека се е според правилата. Не знаев дека ќе се случи масовно да се зборува за тоа една цела година. Не го знаев тоа, да бидам искрен. И после сето тоа што се случи, по целата таа приказна, дознав дека ова станало медиумска приказна кога ги видов новинарите пред полициската станица. И јас тогаш сфатив на каде оди сето ова. Тоа немаше никаква врска со какви било недозволени активности за кои бев обвинет, гонет, за трговија или што и да е друго, што беше првичното обвинение. Па дури и господинот од полициска станица, одличен човек, командирот на полициската станица, ми рече дека ќе направат белешка и ќе ме ослободат следниот час. Но ме држеа во притвор цела ноќ. И тој беше изненаден, а беше многу љубезен господин, началникот на полицијата на централната станица. Но сега, како што знаете, Јавното обвинителство и МВР го сведоа предметот на нешто за што максимална казна е 200 евра и судот ќе одлучи дали и тоа ќе остане да се плати. Затоа што огнометот го набавивме легално, рече во интервјуто.

Извор: ВЕЧЕР.мк

Continue Reading

Скопје

Општина Кисела Вода: 12.000 денари за секое новороденче

Published

on

Општина Кисела Вода продолжува со посветена поддршка за најмладите жители и нивните семејства. Денес Советот на Општината едногласно одлучи еднократната парична помош за семејствата со новороденчиња двојно да се зголеми. Со оваа одлука, износот кој досега беше 6.000 денари се зголемува на 12.000 денари, со што се овозможува значајна помош за родителите во еден од најважните моменти во нивниот живот.

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакна дека оваа мерка е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за унапредување на социјалната слика и создавање поволни услови за развој на младите семејства.

-Поддршката за новороденчињата е многу повеќе од финансиска помош. Таа претставува симбол на нашата заложба за иднината, за создавање општина која расте и се подмладува. Ова е само еден сегмент од нашите заложби. Градиме нови градинки за да обезбедиме предучилишно образование за сите деца, субвенционираме целодневен престој за децата од семејства во социјален ризик, а за овие деца обезбедуваме и бесплатни оброци, курсеви по странски јазици и информатика во училиштата. Дополнително, во рамките на програмите за поддршка на младите, сите првачиња во општина Кисела Вода добиваат бесплатни ранци и училишен прибор преку проектот „Ранче за секое прваче“, додека за децата од социјално загрозените семејства се организираат бесплатни летувања, што придонесува за нивниот развој и рамноправни можности- истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, додавајќи дека со вложувањата во образованието, инфраструктурата и социјалната поддршка, Општина Кисела Вода создава услови за хармоничен развој на секое дете и активно работи на создавање здрава и просперитетна иднина.

Continue Reading

Македонија

Изет Меџити: Домашните компании ќе добијат 250 милиони евра за инвестиции и развој

Published

on

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, најави финансиска поддршка од 250 милиони евра за домашните компании. Средствата ќе бидат достапни под поволни услови, со цел отворање нови работни места, развој на бизнисите и зајакнување на економијата.

“Нашите домашни компании ќе добијат поддршка од 250 милиони евра.

Денеска го усвоивме одлуката за обезбедување на најголемата финансиска поддршка досега за домашните бизниси.

Овие 250 милиони евра ќе бидат достапни за инвестиции и развој, со исклучително поволни услови:

• Камата од само 1,95%;

• Рок на отплата до 15 години;

• Грејс период до 3 години;

• 0 денари административни трошоци.

Процедурата ќе биде целосно транспарентна и еднаква за сите.

Оваа поддршка има за цел отворање на нови работни места, развој на бизнисите и зајакнување на економијата.

Инвестираме во иднината на нашите компании, државата и нашите деца!

Поддршката е тука – сега е моментот за акција!”

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк