Брзај, брзај прваче кон школскиот двор….Први септември – некогаш и сега

Едно најочигледно, секоја година на први септември во училишните дворови се слушаше џагор од многу деца, насмеани, дотерани сите спремни за на училиште, но оваа година училиштата на први септември се празни. Учебната година започнува во понеделник, на 4 септември. Прва и многу голема разлика за почеток.

Некои едвај го чекаа први септември, да се  вратат во училишните клупи и да започнат со нови цели, но за некои први септември е најлош ден што може да се случи. Крај на секојдневните излегувања, без обврски, спиење до доцна попладне…

Во минатото му се даваше важност на овој ден, но денеска само првачињата се тие кои се највозбудени, а уште повозбудени се и нивните родители. “Брзај, брзај прваче”, песничка која ја знаеја сите првачиња. Со неа ги пуштаа првите чекори во образованието и така започнуваше дружењето со Букварот, на кој сите ние добро се сеќаваме како изгледаше и што се, се криеше во неговите корици.

Македонска поезија on Twitter: "Брзај брзај прваче кон школскиот двор те  чека учителка со мајчински збор. Букви, сказни, песнички на секој нов час  таа ќе ти кажува со милослив глас. Брзај брзај

Сите седеат исплашени, возбудени, уште на прв поглед ја засакуваа учителката. Среќата се познаваше на детските лица. Никој тогаш од родителите на вадеше апарат за да го слика своето најмило, туку сите уживаа во првиот училишен ден. Но, денеска има голема разлика. Родителите едвај чекаат да споделат по неколку слики на социјалните мрежи и да ги известат сите дека нивните деца тргнуваат во училиште, нешто нели што е задолжително. Забораваат да уживаат тие неколку минути таму, туку се препуштени за сликање и правење спомени со сликите, а не со мислите.

Разликата е голема, се менуваат многу работи, па се менува и први септември низ годините. Сега доаѓа ново време на дигитализација кое ќе видиме што ќе донесе за новите генерации.

Како и да среќно првачиња и сите други ученици!