Connect with us

Балкан

ХАОС вo Грција: Сycпeндиpaни близу 6000 невakциниpaни лeкаpи и мeдицинcки пepcoнaл❗

Илјадници вработени во јавното здравство во Грција, кои не примиле вакцина против Ковид – 19  во рамки на владината рамка за вакцинација, од вчера се суспендирани и не одат на работа.

Според првите податоци, заклучно со вчерашното попладне, биле издадени 5.895 суспензии за невакцинирани вработени во болниците. Оваа бројка е без вработените во здравствените центри и Итните медицински служби.

Првичните проценки од Министерството за здравство покажуваат дека околу 10.000 вработени во јавните болници, здравствени центри и други агенции на Министерството за здравство ќе бидат суспендирани од платен работен однос се’ додека се невакцинирани.

Меѓутоа, надлежните служби синоќа очекуваа точна бројка, по вкрстената проверка на податоците, со оглед дека многумина и вчера побрзаа да се вакцинираат. Индикативен е случајот со Народната болница , каде што од 1.450 вработени, 110 биле невакцинирани до завчера, од кои најмалку 20 биле вакцинирани вчера. Како што изјавиле за „Катимирини“ високи функционери на Министерството за здравство, денот вчера поминал без проблеми и застои во работењето на клиничките одделенија на болниците.

Во меѓувреме синдикатите организираа протестни собири на персоналот во многу болници низ земјата, додека Министерството за здравство предупреди дека медрката е задолжителна и треба да се спроведе. Од Министерството упатија апел до невакцинараните да се вакцинираат.Синдидатот ПОЕДИН и за денеска закажа прекини на работата во повеќе здравствени установи низ цела Грција. Од таму велат дека работата трпи од суспензијата на здравствените работници.

Претседателот на синдикатот  Михалис Јанакос, како пример ја истакнува болницата во Митилена, која со суспензијата останува неврохирург и лекар, потоа болницата во Кефалонија без лекар, додека во болницата – здравствениот дом на Наксос 50% од микробиолошкиот персонал не е на работа поради мерката. Според него, во последниве денови многу болнички работници побрзаа да се вакцинираат, додека исто така многумина планираат за наредните денови. Сепак, тоа ќе значи да бидат надвор од најмалку 15-20 дена.

Во меѓувреме, се зголемуваат голем број судски одлуки со кои се отфрлаат барањата за укинување на мерката за задолжителната вакцинација.  Со цел да се надомести суспендираниот персонал, вчера попладне беше активирана платформата за поднесување апликации за вработување помошен персонал, освен лекари.

Балкан

Рама поддржува ограничување на правото на вето за новите членки на ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама оцени дека предложената идеја на Европската Унија за ограничување на правото на вето на новите членки на почетокот од нивното членство е „добра“. Предлогот има за цел да ги смири скептичните главни градови кон проширувањето на Унијата.

„Мислам дека е добра идеја“, изјави Рама за „Политико“ пред самитот ЕУ-Западен Балкан. Тој додаде дека несогласувањата во ЕУ се неизбежни, но дека пристапот на Албанија ќе се разликува од оној на Унгарија кога станува збор за блокирање на политиката на Унијата.

Рама потенцираше дека новите членки треба отворено да ги искажуваат своите ставови, но на крајот да се придржуваат кон колективните одлуки. Албанија се смета за еден од фаворитите за полноправно членство, со цел да стане членка на ЕУ до 2030 година.

Continue Reading

Балкан

ЕУ ја укинува блокадата кон Косово: 205 милиони евра помош наскоро достапни

Европската Унија одлучи да ги укине сите санкции против Косово до крајот на јануари 2026 година, што ќе овозможи на земјата да добие 205 милиони евра помош на почетокот на новата година. Одлуката следи по мирната транзиција на локалната власт во северните општини со мнозинство Срби.

Санкциите, кои досега предизвикаа штета од над 613 милиони евра, се однесуваа на клучни сектори како животната средина, енергетиката, дигитализацијата и културата.

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, преку социјалните мрежи изрази благодарност до лидерите на ЕУ и сите партнери на Косово за признавањето на посветеноста на земјата во овие процеси.

Continue Reading

Балкан

Масовни дојави за бомби во училишта низ БиХ, учениците евакуирани

Утрово повеќе основни и средни училишта во Тузланскиот кантон во Босна и Херцеговина добија дојави за бомби, што доведе до прекин на наставата и итна евакуација на учениците и персоналот. Полициските екипи се на терен и преземаат мерки за проверка на заканите. Според неофицијални информации, пријавите главно биле испраќани преку електронски адреси.

Владата на Тузланскиот кантон и Министерството за образование и наука соопштија дека сите активности се спроведуваат во согласност со законските и безбедносните протоколи. „Училишните администрации и наставниот кадар дејствуваат одговорно, а безбедноста на учениците, наставниците и другите вработени е апсолутен приоритет“, велат од Владата. Учениците беа безбедно евакуирани и испратени во своите домови.

Покрај Тузла, дојави за бомби беа пријавени и во училишта во Република Српска, вклучувајќи градови како Бања Лука, Приједор, Прњавор, Лакташи, Требиње и Добој. Полицијата веднаш започна контрасаботажен преглед и обезбедување на објектите.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг